fbpx

Во последното деноноќие регистрирани 447 нови случаи на ковид-19, починаа 30 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, од кои регистрирани се 447 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Оттаму информираат дека новозаразените лица се евидентирани во: Скопје –191, Куманово – 36, Прилеп – 26,...

Починаа 47 лица од ковид-19 од кои 15 починале во приватна клиника во март, но биле пријавени денеска

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се пријавени вкупно 47 починати лица како последица на ковид-19. „Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска“, се вели во соопштението од...

За една недела за 24,3 отсто помалку позитивни случаи на ковид-19, смртноста намалена за 25,4 отсто

Во периодот од 12 до 18 април 2021 тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите за присуство на SARS-CoV-2, што е намалување од 20,4 отсто во однос на една недела претходно, соопшти Министерството за здравство. При тоа се регистрирани 5.199 нови позитивни случаи на...

Пристигнаа 10.530 вакцини од Фајзер, утре почнува вакцинацијата со нив

Од утре низ вакциналните пунктови во земјава ќе продолжи имунизацијата на населението против ковид-19 со вакцините „Фајзер“. Вчера попладнето пристигнаа 10.530 вакцини „Фајзер“, која што Министерството за здравство ја обезбеди со директни преговори со производителот, информираат од ова министерство. Станува збор за прва пратка од...

Би-Би-Си: Израел е близу до постигнување колективен имунитет на ковид-19

Професор Ејал Лешем, директор на Медицинскиот центар „Шеба“, најголемата болница во Израел, е уверен дека земјата е близу до постигнување на колективен имунитет на новиот корона вирус, известува Би-Би-Си. Професорот го поткрепува своето тврдење со фактот дека и покрај тоа што рестриктивните мерки се...

Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ кои ќе стигнат на 19 и 26 април

Министерот за здравство Венко Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер“ кои на 19 и на 26 април по 10.000 вакцини треба да пристигнат во државата. Најголема количина се очекува од Кина, од каде што треба да пристигнат 200.000 вакцини, и тие според Филипче ќе...

Неделен извештај на ИЈЗ: Бројот на новозаболени намален за 13,4 отсто, за 6,2 отсто повеќе смртни случаи

По подолг временски период, неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 5 до 11 април регистрира намалување на бројот на новозаболени лица од ковид-19 во земјава, наспроти растот на бројот на починати лица и на оздравени пациенти во однос на...

Вкупниот број хоспитализирани ковид пациенти надмина 1.700

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава надмина 1.700. Во моментов хоспитализирани се 1.735 пациенти и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството...

Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 1.699 пациенти, од кои во Скопје 686

Министерството за здравство денеска соопшти дека вкупно 1.699 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава. „Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на...

Филипче: Намален е бројот на хоспитализации и преносливоста, но треба претпазливост вирусот е подмолен

Министерот за здравство Венко Филипче утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. „Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој...

Нови 1.163 случаи на ковид-19 од 3.927 тестирања, починале 35 лица

Од 3.927 тестирања направени во последните 24 часа, регистрирани се 1.163 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје има 473 новозаболени, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица –...

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на...

Во ковид центрите се лекуваат 1.724 пациенти, од кои над 1.000 во внатрешноста на земјата

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.724. „Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и...

Грозданова: Сите вакцини се безбедни, ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19

Претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова на денешниот брифинг со новинарите на тема „Митови и вистини за ковид вакцините“ организиран од страна на Лекарска комора на Македонија истакна дека вакцините „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“, „Синофарм“, „Спутник“ се безбедни вакцини и ризикот од нивното примање...

Со новите 1.511 случаи, вкупната бројка на заразени со коронавирус во земјата надмина 130.000

Во последното деноноќие се регистрирани нови 1.511 заразени со SARS-CoV-2 од вкупно 4.445 тестирања, што изнесува речиси 34 отсто. Со тоа официјалната бројка од почетокот на пандемијата пред повеќе од една година до сега се искачи на над 130.000 лица заразени со коронавирусот во...

Професор по неврологија во „ЕУобсервер“ пишува за стравовите околу „АстраЗенека“ вакцината

Колумната на професорот Најеф Ал-Родан, во врска со вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ објавена во ЕУобсервер ја пренесуваме во целост: На почетокот на овој месец, воведувањето на вакцинациите во ЕУ претрпе силен пресврт, кога 13 европски земји накратко го прекинаа користењето на вакцината против ковид-19, „Оксфорд/АстраЗенека“. Ова се...

Регистрирани уште 1.320 заразени од ковид-19, починаа 35 лица

Во последното деноноќие се регистрирани нови 1.320 позитивни на SARS-CoV-2 од направени 4.738 тестови што изнесува нешто помалку од 28 отсто. Како што соопшти Министерството за здравство, како резултат на болеста ковид-19 починале 35 лица, од кои сите во болнички услови. Најголем дел од регистрираните...

Првите 24.000 дози вакцини на „Оксфорд/АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку Ковакс системот, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва преку официјалните профили на социјалните мрежи најави дека во земјава преку Ковакс системот ќе пристигнат првите 24.000 дози на вакцини против ковид-19. Како што посочи Филипче, станува збор за вакцина на производителот Оксфорд/АстраЗенека. Тој очекува вакцините во Скопје да...

Над 32 отсто од тестовите се позитивни, нови 1.264 заболени и 29 починати

Во последното деноноќие Министерството за здравство регистрирало 1.264 нови заразени со ковид-19 од 3.897 тестирања што е над 32 отсто од направените тестови. Во исто време, како последица на ковид-19 починале 29 лица на возраст од 38 до 86 години, информираат од ресорот здравство....

На шест огласи за издавање на ординации во Шуто Оризари не се пријавил ниту еден лекар, седмиот оглас е во тек

Министерството за здравство информира дека за Поликлиниката во населбата Шуто Оризари, која работи во склоп на Здравствениот дом Скопје, за период од пет години почнувајќи од 2015 па сè до 2020 година, има распишано шест огласи за издавање на ординации по општа медицина за...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...