сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ќе се нагледаме ѓубре уште три-четири години, современи депонии дури во 2027 [инфографик]

27 април 2023

Македонија ќе ги започне инвестициите во воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во втората половина на 2024 година, додека современите регионални депонии по стандардите на ЕУ ќе бидат завршени до септември 2027 година. Ова се генералните временски рамки за реализација на проектот вреден 55 милиони евра, за кој македонската влада во јануари годинава […]

Бегајќи од руските тенкови, украинската дизајнерка Елизавета спасот го нашла во Скопје

3 март 2023

Младата дизајнерка Елизавета Матјушенко е една украинските бегалци која бегајќи од руските гранати и тенкови спасот го нашла тука, во Македонија. Нејзината сестра престојува во Бугарија, а Елизавета со дел од семејството живее во Скопје затоа што тука има пријателка чиј сопруг е Македонец. „Јас сум од Украина, од мало село во близина на Харкив […]

Додека дишеме чад, возењето на дизел урива рекорди во земјава [инфографик]

26 ноември 2022

Почна “натпреварот” на Скопје и другите населени места низ земјава во рушењето на светските рекорди по загадување на воздухот. И додека податоците на сајтот „Iqair“ покажуваат дека Скопје е на светскиот врв според аерозагадувањето заедно со азиските градови како Њу Делхи, Ханој, Лахоре или Калкута и градовите од соседството како Сараево и Белград, најновите статистички податоци […]

Русија потрошила 300 милиони долари во последните 8 години за да влијае на светската политика

15 септември 2022

Русија, користејќи тајни методи, од 2014 година потрошила повеќе од 300 милиони американски долари за своите обиди да влијае врз политичари и функционери во речиси 25 земји, соопшти Си-би-ес цитирајќи го Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи на САД). Според наводите што се изнесени, а се повикуваат на нови разузнавачки извештаи за руските обиди за […]

Добитникот на „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ , Ентони Дод Ментл со порака до младите: Најважниот објектив е тој во главата

20 август 2022

„На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е академско. Она што вие автентично […]

Вистиномер: Не е вистина дека не постои ковид, туку само ,,антиковид отровни лекарства”

23 февруари 2022

Kовид-19 постои и е изолиран во лабораторија во официјална постапка. На 7 јануари 2020 година, Кина го изолира вирусот и го идентификуваше како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со СЗО. СЗО има објавено и водич за детално користење на сите лекови кои се одобрени за третирање ковид-19, кој е редовно ажуриран. […]

И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје [галерија]

27 јануари 2022

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори – чистењето на сите диви депонии во Скопје. […]

За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

5 јануари 2022

Образовните институции, банките и нотарите се несигурни и не се доволно информирани дали да прифатат електронски издаден Извод од матична книга на родени. Иако добивањето на извод од Управата за водење на матичните книги (УВМК) по електронски пат е едноставно и на издадениот документ пишува дека ги содржи сите податоци како и изводот што се […]

Општинските веб-страници се слабо „поврзани“ со граѓаните

4 октомври 2021

Локалните власти треба проактивно да објавуваат што е можно повеќе информации на веб-страниците на општините, бидејќи тие во денешно време се главниот извор на информации за квалитетот на владеењето. Новите услови на живеење наметнати од пандемијата со ковид-19 создаваат потреба локалните власти да објавуваат повеќе податоци и континуирано да работат на создавање на нови канали […]

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

12 јуни 2020

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да […]

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

5 јануари 2020

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз […]

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

8 јули 2019

И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО – ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот […]

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

20 мај 2019

Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е […]

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

18 март 2019

Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на […]

Канцерогениот линдан од ОХИС 50 години метастазира, секоја власт го игнорира (видео)

13 јануари 2019

Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето […]

Трнлив и долг е патот до промени на Уставот (инфографик)

8 октомври 2018

Промената на Уставот со уставни амандмани не е ни малку лесна и едноставна процедура. На предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство. Еднаш за да го отвори и еднаш за да го затвори Уставот, процедура која трае неколку месеци. Според Уставот, одлука за пристапување кон измена на […]

НАТО-интеграција: Силни институции и вистински информации (Видео+инфографик)

27 септември 2018

Повеќе од 25 години членството во Северноатлантската договорна организација (НАТО) е деклариран врвен стратегиски приоритет на Република Македонија и на секоја нејзина влада. Собранието на 23 декември 1993 година, со консензус на сите парламентарни партии, ја донесе одлуката за членство, која имаше огромна поддршка од граѓаните. Досега никогаш сериозно не било оспорувано ниту учеството на […]

Култура на тајност и интереси: Улогата на лоби групите во донесувањето на законите

13 септември 2018

Јавноста во Македонија не добива соодветни и доволни информации за средбите на претставници на власта со интересните групи, а проактивната објава на официјалните веб-страници е недостаточна, давајќи само основни информации. Административната култура страда од наследство на тајност. Ова е заклучокот од анализата што хрватската граѓанска организација ГОНГ, по урнекот на студијата од претходната година на Access […]

Цената на литар дизел пораснала за 15,5 денари во споредба со лани

11 јуни 2018

Цената на барел нафта од 2011 година до сега бележи опаѓање, но цената на литар дизел во Македонија во последните седум години не е значително намалена, покажува најновата анализа и визуелизација на „Дата“. Во 2011 година барел нафта чинел 117,74 долари, а литар дизел 66,5 денари. Во 2018 година, цената на барел нафта се намалила […]

Македонија се оддалечува од просекот на ЕУ по бројот на загинати во сообраќајки

31 мај 2018

Наместо да се приближиме до просекот на Европската Унија по бројот на загинати во сообраќајни несреќи, како што е предвидено со Националната стратегија, ние се оддалечуваме, покажува најновата анализа на „ДАТА“. Според анализата, во 2005 година, како што се гледа од визуелизацијата подолу, Македонија била далеку подобра од просекот во ЕУ. Тогаш бројот на загинати […]

Страна 1 од 8