(ГАЛЕРИЈА) Локализиран пожарот во Универзална, од кровот на салата остана само металната конструкција

Стотици граѓани речиси два часа сведочеа како пожарникарите се борат со пламените јазици што го зафатија објектот кој претставуваше симбол на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот од 1963 година

-

Локализиран е пожарот што утрово избувна во Универзалната сала во центарот на Скопје. Нема опасност од негово ширење, а пожарникарите од скопската Противпожарна бригада во моментов работат на догаснување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Стотици граѓани речиси два часа сведочеа како пожарникарите се борат со пламените јазици што го зафатија објектот кој претставуваше симбол на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот од 1963 година.

Според првичните информации, нема жртви ниту повредени во пожарот. Објектот бил празен, рече во изјава на медиумите министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која беше присутна додека се гаснеше пожарот.

Министерката ги повика институциите да постапат брзо за да се расчистат причините за настанување на несреќата и да не се шират шпекулации.

„Нема жртви, нема починати лица, целиот објект беше празен. Направена е материјална штета за која набрзо ќе се утврди колкава е, пред да продолжи градбата. Мора да потенцирам дека објектот е осигуран, што значи дека од осигурувањето ќе се санира штетата што е направена и потоа ќе се продолжи со градба“, рече Костадиновска-Стојчевска, најавувајќи редовно и транспарентно информирање за случајот за да се избегнат шпекулации.

Пожарот во Универзална сала избувна околу 10 часот утрово – гореше една од куполите, додека црн густ чад се издигаше над овој дел од градот.

Универзалната сала почна да се реконструира во септември 2021 година, додека градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, но по преземањето на функцијата од страна на Данела Арсовска, градежните работи на терен беа прекинати, со објаснување дека претходното раководство изработило небезбеден проект за реконструкција.

По двегодишна пауза, реконструкцијата на објектот продолжи годинава откако Министерството за култура ги презеде правата за реконструкција и адаптација од Град Скопје.

Поради доцнењето на градежните работи, скопјани повеќе од седум години немаат концертна сала, а концертите се одржуваат на алтернативни и често пати несоодветни локации во Скопје.

На 19 февруари, за реконструкција на фасадата и кровниот покривач на Универзална сала, Министерството за култура склучи договор со градежната компанија Универзал – Балкан, во вредност од 1,9 милиони евра.

Во изградбата на Универзална сала по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во јули 1963 година, со значајна финансиска помош учествувале повеќе од 35 земји од светот, со чии средства е купен објектот од фирмата „Техноекспортстрој“ од Софија, Бугарија.

Од симбол на солидарноста до универзална негрижа – хроника на Универзалната сала

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...