За нас

„Мета.мк“ е независна новинска агенција која почна со официјална работа на 11 ноември 2014 година, како проект на Фондацијата „Метаморфозис“.

Агенцијата продуцира дневни вести и информации на три јазика: македонски, албански и англиски, а повремено објавува текстови и на бугарски, српски и грчки јазик.

„Мета.мк“, како независна новинска агенција на домашната медиумска сцена нуди професионално изработени, оригинални и проверени информации, а истовремено со преводите на регионалните јазици прави обид да ја премости фрагментираната балканска медиумска сцена и да придонесе за зголемување на протокот на вести и информации базирани на факти и да помогне во восприемањето на политичките процеси како предуслов за значајно граѓанско учество.

Агенцијата редовно практикува новинарство базирано на податоци, а новинарите кои соработуваат со „Мета.мк“ задолжително се придржуваат на Кодексот на новинари.

„Мета.мк“ ја надополнува постојната работа на иницијативите за граѓанска контрола и против ширењето дезинформации и проверка на фактите.

„Мета.мк“ има дописници во поголемите градови.

„Мета.мк“ соработува со сличните агенции во регионот.

Преземањето на текстовите во овој период е бесплатно со задолжителното атрибуирање и линкување до оригиналниот текст.