Компанијата OpenAi офцијално го најавија својот многу очекуван влез на пазарот за пребарувачи, „SearchGPT“, кој што ќе работи на база на вештачка интелигенција со пристап во реално време до информации преку интернет.
Пребарувачот нуди големо поле за текст што го прашува корисникот „Што барате?“ Но, наместо да нуди линкови до одредени сајтови, SearchGPT се обидува да ги организира и да ги разбере сите објави на нет, за да даде конкретен одговор. Во еден пример од OpenAI, пребарувачот ги сумира своите наоди за музичките фестивали и ги дава конкретните работи кои што се пребарани, не нуди избор.
We’re testing SearchGPT, a temporary prototype of new AI search features that give you fast and timely answers with clear and relevant sources.
We’re launching with a small group of users for feedback and plan to integrate the experience into ChatGPT. https://t.co/dRRnxXVlGh pic.twitter.com/iQpADXmllH
— OpenAI (@OpenAI) July 25, 2024
Во друг пример, објаснува кога да се засадат домати пред да се разложат различните сорти на растението. Откако ќе се појават резултатите можете да поставувате дополнителни прашања или да кликнете на страничната лента за да отворите други релевантни линкови. Исто така, постои функција наречена „визуелни одговори“.
SearchGPT засега е само прототип. Услугата е од сегашните модели на GPT-4 и ќе биде достапна само за 10.000 тест корисници при лансирањето, изјави портпаролката на OpenAI, Кајла Вуд.
Тоа е почеток на она што би можело да стане значајна конкуренција за Google, кој побрза да ги подготви функциите за вештачка интелигенција низ својот пребарувач, плашејќи се дека корисниците ќе се насоберат кон конкурентни производи кои прво ги нудат алатките.