петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Млади од Карпош и Зелениково ќе учат за управување со водни текови

септември 11, 2025

Млади од 15 до 39 години од Општините Карпош и Зелениково можат да се пријават и да учествуваат на едукативен настан посветен на управување со водни текови што ќе се одржи на 24 септември во Домот на културата во општината Ѓорче Петров, со практичен дел на брегот на реката Лепенец. Настанот се реализира во рамки […]

Фирмата-изведувач си ја повлекува целата механизација од Кожуф и од Дошница

септември 5, 2025

Фирмата-изведувач „Ј.Е.С ДООЕЛ“ која требаше да гради мини хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожув, од денеска си ја повлекува механизацијата од локациите на кои требаше да се гради. Откако минатиот месец се повлекоа мал дел од машините, денеска заминаа и останатите, а граѓаните прогласија победа и спас на реката. „Фирмата повлече еден багер, потоа, […]

Мршојадците секоја година елиминираат стакленички гасови еднакви на емисиите од 12 милиони автомобили

септември 3, 2025

Мршојадците со својата улога на чистачи во природата придонесуваат во целиот свет да се намалат јаглеродните емисии од над 12 милиони автомобили. Во светот, првата сабота во септември се одбележува како Меѓународниот ден на посветен на овие импресивни птици, од кои многу видови се на црвените листи на загрозени видови. Мршојадците се хранат со остатоци […]

Луѓето секој ден вдишуваат 68.000 честички од микропластика, доволно мали да влезат во белите дробови

август 29, 2025

Нова студија проценува дека луѓето во своите домови или автомобили можат да вдишат дури 68.000 ситни пластични честички дневно кои се доволно мали за да навлезат длабоко во белите дробови, открива новото истражување. Тие се со големина помеѓу еден и десет микрометри, или околу една седмина од дебелината на човечката коса, и претставуваат голема закана […]

„Еко свест“ ќе отстрани скршена бетонска бариера од Крива Река, за да се обезбеди слободен тек на реката

август 27, 2025

Бетонска бариера која со децении го попречува течението на Крива Река во близина на Крива Паланка, ќе биде отстранета од речното корито. Ова е прво отстранување на речна препрека кое се прави во државата на иницијатива на граѓанската организација Еко Свест, во соработка со Општина Крива Паланка и Државниот инспекторат за животна средина, иако има […]

На Шар Планина поставени шест нови дрвени засолништа за планинари

август 19, 2025

Националниот парк Шар Планина постави шест нови дрвени објекти кои треба да им послужат сите планинари и љубители на природата како засолниште од лошо време и да придонесат за поголема сигурност. Новата инфраструктура е поставена на локации на Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон Три Воде, на Рамен Камен и […]

Фронт 21/42: Охрид е дел од идентитетот, но упорно се уништува со криминал и корупција

јули 14, 2025

Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, но неговите вредности веќе три децении безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата, кои се под заштита на институциите, велат од граѓанската организација Фронт 21/42. Тие сметаат дека сѐ додека не се отстрани хотелскиот комплекс во Горица, дивоградбите во Студенчишко Блато, хотелот во Рамне, сѐ додека […]

„Нема да ви дозволиме да ги исечете вените на Кожув“: Граѓаните протестираа против изградба на две мали хидроцентрали

јуни 29, 2025

Стотици активисти и граѓани денеска се собраа на протест во местото Смрдлива Вода на Кожув планина, на кој го изразија својот револт против планот да се изградат две мали хидроцентрали на оваа планина. „Сакаат да ги исечат вените на Кожув“, „Народот е спасот за Дошница“, се само дел од транспарентите, со кои денеска активистите испратија […]

Малите хидроцентрали се закануваат да ја испијат чистата вода на реката Дошница

јуни 25, 2025

Над десет здруженија од Тиквешијата и Југоисточниот регион, како и активисти од целата земја од утре до недела ќе организираат секојдневни блокади и голем протест кај излетничкото место Смрдлива вода, близу Гевгелија, против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница. Граѓаните бараат итно и трајно стопирање на овие енергетски проекти и почитување на барањата на […]

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

јуни 18, 2025

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и македонскиот енергетски гигант РЕК Битола, кој, покрај  Угљевиќ и Какањ 7 во Босна и Херцеговина и Костолац А2 во Србија, ги надминаа дозволените годишни […]

Арсовска ја посети пречистителната станица на Скопје, тврди дека се гради во полна пареа

јуни 15, 2025

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска сподели фотографии од градилиштето на пречистителната станица во Скопје, за која тврди дека интензивно се гради. Проектот, за кој тендерските постапки почнаа во 2020 година и кој долго време беше попречуван од различни ситуации и проблеми, требаше да биде завршен до 2026 година. И покрај доцнењето, Арсовска вели дека […]

Млади од целата земја ќе дискутираат на теми за климата и екологијата во пресрет на КОП 30

јуни 12, 2025

Млади од целата земја од денеска до сабота ќе дискутираат на теми за климата и екологијата на првата Локална младинска конференција –LCOY Северна Македонија 2025. Младите ќе разговаат за локалните климатски и еколошки предизвици и ќе споделат свои идеи што мислат дека треба да се националните приоритети за животната средина. На тој начин ќе придонесат […]

Македонија и ЕУ заеднички ќе работат на заштита на Преспа

јуни 12, 2025

Зајакнување на еколошките капацитети и унапредување на управувањето со природните ресурси во прекуграничниот Преспански регион, преку едукација, истражување, заштита и комуникација се целите кои ќе треба да се постигнат во следните четири години за заштита на едно од најуникатните подрачја во земјава. Проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за […]

Земјоделци и пчелари на Шар Планина добија соларни електрични огради како заштита од мечки

јуни 9, 2025

Пет земјоделци и пчелари на Шар Планина добија соларни електрични огради како заштита на добитокот и пчелите од мечки, како прв чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка за заштита на земјоделците и пчеларите во селата на Шар Планина. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека оградите, […]

Граѓанските организации побараа од Владата итно репрогласување на националниот парк „Маврово“

јуни 5, 2025

Итно да се заврши процесот на репрогласување на Националниот парк „Маврово“ и да се обезбеди вистинска заштита на природните вредности на подрачјето, побараа денеска од „Еко Свест“, поддржани од 17 граѓански организации, во претставка поднесена до Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Денес се одбележува Светскиот ден на животната средина, и екологистите предупредија на значителни прекршувања […]

Меџити: Управувањето со отпад и чистењето на дивите депонии се врвен приоритет

мај 29, 2025

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се обрати на 6. Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Во своето излагање, Меџити нагласи дека одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија се меѓу […]

Расте бројот на белоглавите мршојадци, во Македонија има 20 парови

мај 26, 2025

Бројот на белоглави мршојадци, загрозен вид птици што опстојува во земјава, пораснал во последната година, покажало последното пребројување што го реализираа членовите на Македонското еколошко друштво и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци. Годинава е потврдено присуството на дваесетина двојки на белоглави мршојадци на две локации. Од нив, оваа гнездечка сезона девет се […]

Компанијата „Релиф“ произведува биоразградлива хартија од листовите на дрвата без токсични хемикалии

мај 21, 2025

Компанијата „Релиф“ (RELEAF PAPER & BAGS) на укранинскиот иноватор Валентин Фречка, кој има само 24 години, произведува биоразградлива хартија направена стриктно од листовите на дрвата низ еколошки безбеден процес во кој не се користат токсични хемикалии. Компанијата покрај хартијата како главен продукт, изработува и хартиени кеси од повеќе видови и кутии, пандан на картонските кутии […]

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

мај 19, 2025

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото во главниот град. Град Скопје обележа за сечење и кастрење стотици дрвја во Градскиот парк кои наводно се исушени или пред сушење бидејќи не […]

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

мај 10, 2025

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, заедно со нуркачи од македонските и балканските нуркачки клубови денеска, по четврт пат организира акција за отстранување на цврст отпад од дното на Охридското Езеро. Оваа година нуркачите најавуваат дека ќе чистат по дното на речиси на целото езеро, на локации на градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, кампот Градиште […]

Страна 1 од 76