Отпадот од Топилница не се чисти, се чека случајот да го решаваат институциите

Велешани и понатаму ќе живеат покрај големиот црн рид. Се претпоставува дека депонијата од топилницата има околу два милиони тони троска, која содржи околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како кадмиум, бакар, арсен, индиум, талиум

-

Компанијата Кепс Монт груп, која има концесија за расчистување на депонијата со згура на топилницата во Велес, поднела жалба до второстепената комисија за управна постапка за одлуката на Општината Велес да не им даде нова Б-интегрирана дозвола.

Концесионерот смета дека е оштетен што локалната власт, во образложението на одлуката наведува дека отпадот во депонијата од топилницата не се третирал како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Исто така, во одлуката општинските власти како аргумент ја користат и опасноста, заради начинот на кој се предлага да се работи на депонијата, да се предизвикаат штетни последици по здравјето на жителите на градот.

„Во жалбата го наведуваме договорот за концесија на минерална суровина со Министерството за економија, што е основот за нашата работа. Исто така ги наведуваме и сите дозволи кои четири години ги вадиме од повеќе институции кои јасно покажуваат дека начинот на кој што треба да ја третираме суровината нема да загадува околината, бидејќи не се работи за нова топилница туку за механички процес на сепарирање“, велат од Кепс Монт груп.

Компанијата минатата година побара нова Б-интегрирана дозвола, откако таа од 2019 година истече. Во барањето беа додадени уште две дејности, дробење и мелење на згурата, како подготовка за нејзин извоз и преработка. Концесионерот вели дека системот во кој ќе се дроби и меле суровината е затворен и нема да има загадувања, а како доказ ги наведуваат одобренијата на Студијата и Елаборатот за животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сепак, одлуката на градонечалникот Марко Колев, беше да не ја потпише дозволата, што целиот процес го заглави во административни процедури, а во моментов на терен не се работи ништо. Одлуката на второстепената комисија случајот може да го врати во Општината Велес на повторно одлучување, или пак, да го однесе пред Управниот суд.

Во меѓувреме, велешани и понатаму ќе живеат покрај големиот црн рид. Се претпоставува дека депонијата од топилницата има околу два милиони тони троска, која содржи околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како кадмиум, бакар, арсен, индиум, талиум. Нивното влијание врз околината и здравјето на луѓето е огромно, што се гледа и од испитувањата на Министерството за здравство кои докажаа загадување со тешки метали, пред сѐ олово и кадмиум, во почвата во радиус од дваесетина километри, во кои има и ниви на кои се одгледува храна. Зеленчукот што го консумираат велешани содржи 1,5 пати поголема концентрација олово од дозволената и 2,5 пати поголема концентрација кадмиум, а најзагаден е лиснатиот зеленчук.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...