недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: опасен отпад | 55 резултати

Водата од пукната цевка кај ОХИС и денеска тече, „Водовод“ најави дека утре ќе се санира дефектот

август 21, 2025

„Водовод и канализација“ знае за проблемот со пукната цевка од која тече вода во дворот на фабриката ОХИС. Од јавното претпријатие денеска потврдија дека излегле на терен и дека е направен план нивните екипи утре да работат на санација на проблемот. Водата се заканува да ја поплави депонијата на ОХИС во која има илјадници тони […]

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

јули 15, 2025

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива, која исто така ќе треба да се извади и уништи на безбеден начин. Резултатите од анализата ќе влијаат и на временскиот рок и на […]

Чистењето на малата депонија со линдан продолжува од април, дотогаш ќе се испитува колку пари требаат за да се заврши

март 3, 2025

Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на месец март ќе го направи планираното испитување уште колку линдан содржи малата депонија во ОХИС. Во овој период ќе се изврши таргетираното земање примероци од преостанатите два базена на депонијата и просторот меѓу нив. Целта е да се обезбедат податоци за проценка уште колку пари […]

Малата депонија со линдан во ОХИС има повеќе отпад од очекуваното, чистењето ќе продолжи догодина

ноември 9, 2024

Концентрацијата на отпад во малата депонија со линдан во ОХИС е за 25 отсто повисока од иницијално проценетите количини, покажале досегашните ископувања на овој опасен отпад. Заради тоа месецов ќе започнат тестирања на почвата во делот што остана да се исчисти, за да може да се направи вистинска проценка уште колку време и пари ќе […]

Отпадот од Топилница не се чисти, се чека случајот да го решаваат институциите

април 10, 2024

Компанијата Кепс Монт груп, која има концесија за расчистување на депонијата со згура на топилницата во Велес, поднела жалба до второстепената комисија за управна постапка за одлуката на Општината Велес да не им даде нова Б-интегрирана дозвола. Концесионерот смета дека е оштетен што локалната власт, во образложението на одлуката наведува дека отпадот во депонијата од […]

Продолжува чистењето на линданот во ОХИС, но нема пари да се доврши малата депонија

април 9, 2024

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе започне деновиве, по пауза од седум месеци. Ќе треба да се ископаат нови 450 тони на HCH отпад и 250 тони на HCH контаминирана земја од четвртиот лот на депонијата, а работите на терен се очекува да бидат завршени до крајот на јуни. Опасниот отпад, како […]

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

април 8, 2024

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво и метал и ќе се врши третман и депонирање на комунален […]

Оловниот отпад од акумулатори сè уште стои на отворено во Ѓорче Петров, се бара компанија што ќе го транспортира

март 7, 2024

Компанијата „Рецикл Еко Старт“ сè уште не го исчистила опасниот отпад од преработка на стари акумулатори од плацот во селото Орман во Ѓорче Петров. Компанијата, која доби кривична пријава од Државниот инспекторат за животна средина заради тоа што незаконски и без дозвола собирала и преработувала отпад што содржи олово, не може да најде компанија која […]

Чистењето на линданот во ОХИС паузира веќе шест месеци, малата депонија нема да се заврши ниту годинава

февруари 17, 2024

Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС паузира веќе шест месеци. Во август лани заврши ископувањето на третиот дел од малата депонија и од тогаш работите се во мирување. Министерството за животна средина минатата година најави дека чистењето на четвртиот дел од малата депонија ќе продолжи од овој месец, но сега и тој термин се поместува […]

Градоначалникот на Велес, Колев, нема да потпише дозвола за дробење и мелење на згурата од топилницата

февруари 6, 2024

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев одлучи да не ја потпише Б-интегрираната дозвола за компанијата „Кепс Монт груп“ која треба да ја исчисти депонијата со згура на некогашната топилница. Колев, на последната седница на Советот на Велес, изјави дека сериозно го анализирал барањето на „Кепс монт груп“, и дека смета дека е грешка што остатоците […]

Обезбедени се 2,5 милиони евра за дочистување на малата депонија со линдан во ОХИС

јануари 8, 2024

Обезбедени се нови 2,5 милиони евра за довршување на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Министерката за животна средина Каја Шукова информираше дека дел од парите се обезбедени од домашниот буџет, а дел се од донатор, со што се затвора финансиската конструкција за завршување со чистањето на оваа жешка точка. Сите средства кои […]

Фатени од инспекторите, а чекаат дозвола за преработка на опасниот оловен отпад во Орман

ноември 28, 2023

Компанијата „Рецикл еко старт“ од Скопје, која незаконски без дозвола преработуваше опасен оловен отпад од акумулатори, има најава дека ќе добие кривична пријава, но не и запирање на постапката за проширување на А-интегрираната дозвола. Фирмата, за која беше откриено дека откупувала отпад од преработувачот на стари акумулатори „Таб-Мак“ од Пробиштип за да произведе оловна паста, […]

Нема пари, чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС се пролонгира

ноември 22, 2023

Расчистувањето на четвртиот дел, од вкупно пет кои треба да се исчистат од малата депонија со линдан во историското жариште ОХИС во Скопје, ќе започне дури во февруари идната година. Иако третиот лот е исчистен уште летово, а и поголемиот дел од отпадот што се ископа е веќе извезен и уништен, сепак процедурата за конечно […]

Отпадот од Орман е опасен и содржи 10 проценти олово, поднесени се кривични и прекршочни пријави

ноември 9, 2023

Опасен отпад што содржи 10 проценти олово, но и бакар, кадмиум и други тешки метали е троската што беше складирана на плац во селото Орман во Ѓорче Петров, покажуваат лабораториските анализи што ги направи Државниот инспекторат за животна средина. За сите инволвирани во случајот досега се напишани една кривична и една прекршочна пријава, но во […]

Шукова: Опасниот отпад кај селото Орман е донесен од Пробиштип

ноември 4, 2023

Опасниот отпад што неодамна беше пронајден во близина на селото Орман на територија на општина Ѓорче Петров, е донесен од Пробиштип, информираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова, посочувајќи дека се откриени незаконски дејствија во конкретниот случај. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) пред десетина дена информира дека откриле околу 500 до 600 тони […]

ДИЖС ќе го испитува отпадот од акумулатори во Ѓорче Петров, ќе следи кривична пријава и казна

октомври 24, 2023

Државниот инспекторат за животна средина ќе испитува каков отпад е фрлен на приватна парцела во селото Орман во близина на реката Лепенец, што беше откриен пред десетина дена. Инспектори од ДИЖС, заедно со колегите од Општината Ѓорче Петров и овластена лабораторија денеска на две места ќе земат примероци од отпадот, на локацијата каде што е […]

Годинава не е извезен ниту еден тон отпад од депонијата на топилницата во Велес

октомври 23, 2023

Ниту еден тон од депонијата со згура на топилницата во Велес не бил извезен и оваа година. Црниот рид не се намалува и сè уште е закана за градот и за неговите жители. Се проценува дека на депонијата има околу два милиони тони троска, од кои голем дел се остатоци од металите обработувани во топилницата. […]

ДИЖС откри опасен отпад расфрлан на нива кај скопското село Орман

октомври 22, 2023

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека откриле околу 500 до 600 тони опасен отпад расфрлан наземјиште во скопското село Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров, соопшти Джравниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. „При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина […]

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС не влијае на квалитетот на воздухот

август 17, 2023

Нема испарувања и зголемени концентрации на линдан во населените места околу ОХИС. Мерењата на параметрите во воздухот на четири локации, од кои две се во населбите околу кругот на фабриката, покажуваат дека ископувањата на опасниот отпад од малата депонија нема влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. Според податоците од Државниот инспекторат за животна […]

По повеќе од шест месеци пауза продолжи чистењето на линданот во ОХИС

јуни 24, 2023

Продолжи чистењето на линданот од малата депонија на ОХИС. По повеќе од шест месеци прекин во работите на терен, месецов конечно беше финализиран Планот за ремедијација подготвен од компанијата Полиеко и ископувањето на опасниот отпад продолжи во третиот лот од депонијата. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој дел […]

Страна 1 од 3