fbpx
Таг: опасен отпад

таг: опасен отпад

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па ќе се извезува

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, на посебна парцела веднаш...

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, извезени се 960 тони отпад

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, а 960 тони отпад се веќе извезени во Франција. Спакувана е и контаминираната почва извадена од исчистениот дел од депонијата во седум метални контејнери. Од нив три се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите четири чекаат да се извезат исто така во Германија. Според информациите од...

На локалитетот Пеленица во Драчево има над 40.000 тони линдан складиран без никаква заштита

Високи концентрации на линдан (НСН) покриен со отпад од стакло покажале испитувањата што Министерството за животна средина ги направи на локалитетот Пеленица што се наоѓа над скопската населба Драчево. Опасниот отпад од ОХИС не бил ставен во бетонски базени, како што е случајот со двете депонии во кругот на фабриката, што ја прави Пеленица особено опасна за загадување на...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за незаконско издавање на А-интегрирана дозвола за „Дрисла“

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице за кое се сомнева дека во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година ја искористил својата службена положба и издал А-интегрирана еколошка дозвола на скопската депонија „Дрисла“ без да ги исполни условите за тоа. Според соопштението од Финансиската...

Загадената почва од малата депонија со линдан на ОХИС ќе почне да се извезува во Германија

Извозот на земја контаминирана со линдан, која се ископува од малата депонија на ОХИС конечно ќе може да почне, откако е обезбедена транзитната дозвола од Бугарија на која се чекаше подолго време. Почвата, за разлика од линданот, кој се транспортира со брод преку Солунското пристаниште до Франција, ќе патува по копнен пат низ повеќе држави на Европската Унија. Крајната...

Ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, 250 тони отпад се спакувани и чекаат извоз

По пауза од еден месец, оваа седмица ќе продолжи ископувањето на линдан од малата депонија на ОХИС. Во првиот дел од проектот за чистење на ова историско жариште од некогашната хемиска фабрика, коешто го финансираше УНИДО, исчистени беа над 600 тони отпад, од кои над 470 тони од опасната хемикалија и 126 тони контаминирана земја. Во вториот дел од проектот...

Уште седум контејнери, полни со буриња со линдан од ОХИС, заминуваат на уништување во Франција

Уште седум контејнери, полни со буриња со линдан од малата депонија во ОХИС до крајот на неделава ќе заминат на уништување во инсценераторот во Франција. Првата пратка од седум контејнери, во кои беа спакувани 477,1 тони отпад од HCH во 1936 буриња, запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелската Конвенција, се извезе...

„Шорткат“ во Јегуновце: Депонија со шестовалентен хром опасна за луѓето и животната средина

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва во 19 часот ја пренесуваме сликата од уште една жешка еколошка точка во земјава – индустриската депонија во тетовското село Јегуновце, каде е складиран канцерогениот шестовалентен хром, но и други отпадни суровини од работењето на фабриката „Југохром“. https://www.youtube.com/watch?v=tJGcnwXh8VU Погледнете ги новостите и за расфрланиот арсен во Лојане и Табановце, како...

Град Скопје: Во депонијата Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

По денешната прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, на која тој посочи дека депонијата Дрисла не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, реакција стигна од Градот Скопје. „Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола“, наведуваат од Град...

„Дрисла“ не смее да депонира опасен отпад и мора да ја смени интегрираната дозвола

Депонијата „Дрисла“ не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, бидејќи нема соодветна инсталација за тоа. Ова е едно од повеќето решенија на Државниот инспекторат за животна средина, за кои денеска информираше в.д. директорот Сретен Стојковски. „Дрисла“ ќе мора да побара и измена на А-интегрираната дозвола која ја обнови во февруари годинава, според која има дозвола...

Инспектори забранија „Дрисла“ да депонира канти со боја за возила, директорот Начевски прашува каде да одат

Државниот инспекторат за животна средина ѝ наложи на депонијата „Дрисла“ да не прима одреден вид на опасен отпад, бидејќи нема инсталација за негов правилен третман. Од Инспекторатот информираат дека во депонијата биле направени две вонредни контроли на 19 и 25 овој месец, по претставка од граѓани дека таму се одлага опасен отпад. Инспекторите констатирале дека депонијата поседува А-интегрирана дозвола,...

Во Гази Баба воопшто да нема можност за третман ниту на неопасен отпад, бараат жители на Општината

Жители на Општината Гази Баба бараат целосна пренамена на земјиштето на кое локалните власти планираат да дозволат изградба на постројки за третман на отпад. Тие бараат целосно бришење на намената Е 3.1 и целосно отфрлање на можноста да се третира било каков отпад, како и впишување на други комерцијални содржини кои би биле компатибилни со органско производство на храна...

Згурата од велешката топилница ќе се сепарира на струја и од март забрзано ќе се извезува

Сепарирањето на минералната техногена суровина од отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес ќе се работи на струја. Инвестицијата на концесионерот, компанијата „Кепс Монт груп“, во довод за електрична енергија со должина од 1.200 метри е завршена, а деновиве се очекува ЕВН да го изврши и поврзувањето со мрежата. Ова беше еден од условите да се забрзаат работите...

ОХИС исчистен од 64 тони опасен отпад, проектот на „Екоцентар 97“ заврши

Последните количини хемикалии, кои се дел од историското загадување од некогашната хемиска индустрија ОХИС, стигнаа во Лион во Франција и деновиве се очекува да бидат безбедно уништени. Со овој транспорт и официјално заврши „Проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ кој го спроведуваше компанијата „Екоцентар 97“. Ова е прв...

Последните количини хемикалии од ОХИС заминаа на уништување, линданот сè уште чека

Десет тони опасни хемикалии од ОХИС заминаа на безбедно уништување во инсенераторот во Лион, Франција. Тоа беа последните количини хемикалии, кои во текот на речиси две години беа препакувани и изнесени од кругот на фабриката и транспортирани до три локации низ Европа, каде што се безбедно уништени. Со последниот, петти, извоз и официјално завршува „Проектот за безбедно отстранување на хемиски...

Вонредна инспекција во ОХИС: Во фабриката се складира опасен отпад од технолошките зони, што мора да се отстрани за најмногу три години

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, каде што работат шест инсталации, од кои една за производство на масло од канабис, а останатите кои вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Една од нив е компанијата „Еко-центар“, која работи на извезување на опасните хемикалии кои се историски отпад и остаток од работењето на...

Винил хлоридот од ОХИС е преточен во нова цистерна, во октомври заминува за Германија

Винил хлоридот мономер, историски отпад од некогашниот хемиски гигант ОХИС, е целосно преточен во нова цистерна и подготвен да замине на уништување во инсенератор во Германија. Опасната хемикалија, кој неколку децении стоеше во стара цистерна под притисок на почетокот на месецов ја преточи тим од компанијата „Куриум“ од Франција, под надзор и со техничка поддршка на компанијата „Екоцентар 97“, која...

Винил хлоридот од ОХИС сè уште чека да биде преточен во безбедни буриња

Околу 14 тони винил хлорид ќе мора да чека во дворот на ОХИС сè додека не дојдат експерти од фирмата „Куриум“ од Франција, за да биде безбедно преточен во нови буриња и транспортиран на уништување. Од компанијата „Екоцентар 97“, која е задолжена за чистење на 11 хемикалии од ОХИС, во рамките на проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на...

Истече дозволата за транспорт на хемикалиите од ОХИС, за нова ќе се почека и до три месеци

Фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го исчисти ОХИС од 11 високотоксични хемикалии, ќе мора да ја обнови дозволата за прекуграничен транспорт на опасен отпад пред да продолжи со активностите. Застојот во изнесувањето на хемикалиите се случи заради затворањето на границите по пандемијата на Ковид-19, а во меѓувреме истече Нотификацијата која е задолжителна за транспорт на ваков вид отровни...

Скопје се чисти од насобраниот отпад, за Велигден ѓубрето по дома

По викенд блокадата Скопје осамна со преполни контејнери несобран смет и расфрлано ѓубре по улиците. Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека нивните екипи забрзано работат на отстранување на отпадот. Купиштата несобрано ѓубре се создадоа поради застојот во собирањето на отпадот поради повеќедневниот полициски час и поради тоа што вработените на претпријатието „Комунална хигиена“ не беа изземени од посебните мерки...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...