недела, 11 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: Б-интегрирана дозвола | 11 резултати

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

февруари 21, 2024

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат […]

Чистењето и извозот на згурата од Топилницата во Велес чека проширување на Б-интегрираната дозвола  

април 12, 2022

Концесионерот „Кепс Монт груп“ има рок до јуни да ја комплетира документацијата за поставување на нова линија за дробење на техногената минерална суровина од ридот со згура на некогашната Топилница во Велес. Компанијата од Општина Велес побарала можност за проширување на Б-интегрираната дозвола за поставување на нова инсталација до депонијата со троска, која треба да […]

Министерството за животна средина објави дигитален регистар со издадените А или Б-еколошки дозволи

април 7, 2022

Сите компании кои поседуваат А или Б-интегрирана еколошка дозвола од денеска се објавени како дел од дигиталниот регистар што го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање. На веб страната https://registers.mk поставени се дигитализирани и мапирани информации на повеќе од 450 страници, со имиња, адреси и дејност на субјекти, како и индустриите во кои […]

Концесионерот што копа згура од Топилница бара измена на дозволата, Општината вели му фали техничка документација

септември 15, 2021

Извозот на згура од велешката Топилница последните два месеци се заплетка во процедури низ локалните и државните институции. Од компанијата „Кепс монт груп“ за Мета велат дека побарале измена на Б- интегрираната еколошка дозвола за да можат да инсталираат сепарација од затворен тип, но Општината Велес го одбила барањето. Случајот во моментов се разгледува Второстепената […]

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

декември 19, 2020

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди […]

„Стентон градба“ привремено го затвори каменоломот над Битола

април 13, 2017

Концесионерот на каменоломот на Билбил-камен во близина на Битола, фирмата „Стентон градба“, одлучи привремено да престане со работа сè додека не добие интергирана еколошка дозвола Б од надлежните институции. Ова денеска, на прес-конференција кај каменоломот, го изјави Гоце Стојановски, инженер во фирмата. Според Стојановски, ставањето во мирување на рудникот претставува добар гест поради загриженоста на […]

Каменоломот кај Битола не доби Б-интегрирана еколошка дозвола за работа

март 28, 2017

Новиот рудник за гранит на Билбил Камен над Битола не успеа да ја добие Б-интегрираната еколошка дозвола за работа. Од Општината Битола за „Мета“ потврдуваат дека каменоломот сè уште ја нема оваа дозвола за ископ на руда. Вчера бил последниот ден кога требало да се издаде потребната дозвола. Рудникот е во близина на магистралниот пат […]

Страна 1 од 1