недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Без плач и лелек, со вистината против руската воена инвазија врз Украина

мај 3, 2026

Украинскиот документарен филм „Облаците се движат со голема брзина“ на авторот Роман Островски е реализиран како сиров документарен материјал во кој трогателните судбини на протагонистите се пренесени без плач и лелек, туку со ретко виден стоицизам во трагичните моменти. Овој важен документ за страдањето на украинскиот народ по целосната воена инвазија на Русија беше препознаен од жирито како победник на 26. издание на goEast Фестивалот на филмови од Централна и Источна Европа кое се одржа изминатава недела во Визбаден, Германија

Професор Димитар Гелев: Универзитетот не е демократија, туку хиерархија

мај 2, 2026

По изборите за ректор на УКИМ, одржани во вторникот, на кои актуелната ректорка проф. д-р Билјана Ангелова беше реизбрана во трката со проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет, во јавноста се отворија повеќе прашања и дилеми околу изборниот процес. Појаснување побаравме од проф. д-р Димитар Гелев од Правниот факултет, кој исто така е и претседател на Изборната комисија. Тој, покрај тоа што одговори на поставените прашања, испрати и подолго објаснување на неговиот став кое го објавуваме во целостт со надеж дека ќе поттикне дебата за состојбите во високото образование

(Не)учеството на граѓанските организации во измена на Изборниот законик добива сè повеќе на тежина

мај 1, 2026

Овој одговор од МП се заснова на единствената средба што досега ја имале со дел од граѓанскиот сектор, а тоа се независните иницијативи кои, покрај другите свои активности, активно се вклучени и во процесот на изборите со свои кандидати. Но, треба да се напомене дека таа средба одржана на 16-ти април годинава беше остварена не по иницијатива на МП, туку по барање на претставниците на независните иницијативи, што се признава и во соопштението од МП по средбата

За две години Македонија падна 9 места на Индексот на слобода на медиумите – една од главните причини е ширењето дезинформации

април 30, 2026

Според Репоретери без граници, мора да се направи разлика меѓу професионалните онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинални содржини и индивидуални портали кој плагијализираат и копираат содржини. Оттаму потенцираат дека иако телевизијата е сè уште доминантниот извор на информации, и јавниот сервис и дел од големите национални телевизии имаат ниско ниво на доверливост

Граѓанските организации вклучени само колку да се речe дека учествуваат во изготвувањето на новиот Изборен законик

април 28, 2026

Невладините организации оценуваат дека за еден толку деликатен процес како што се измените на Изборниот законик, потребен е транспарентен и инклузивен пристап на општеството за процесот да биде по веродостоен и кредибилен

Од „студентски“ протест до студентска апатија: Каде е гласот на младите?

април 27, 2026

На прашањето дали има се помалку студентски протести и помалку причини за студентите да излезат, поранешните претседатели на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, Славчо Темелковски и Ева Цветковска имаат различни гледишта за тоа дали студентските протести замираат, но се согласуваат дека мобилизацијата зависи од интензитетот на конкретните проблеми со кои се соочуваат студентите

Светските лидери го осудија нападот на вечерата на дописниците во Вашингтон

април 26, 2026

Политичари од двете партии во САД, како и лидери од Европа, Блискиот Исток и други делови од светот, го осудија пукањето за време на вечерата на дописниците во Вашингтон. Повеќето порачаа дека политичкото насилство нема место во демократијата и изразија олеснување што Доналд Трамп и присутните останале неповредени

Кој е Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците во Белата куќа?

април 26, 2026

Осомничениот за нападот во хотелот „Вашингтон Хилтон“ е 31-годишен маж од Калифорнија, кој според јавно достапни профили работел како наставник и независен развивач на видеоигри. Американските власти соопштија дека мотивот за нападот сè уште не е утврден

Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

април 24, 2026

Тројца повредени работници се примени на Ургентен, еден е со скршеници на нозете, други двајца се со полесни повреди. Имаат нагмеченци, повреда на лактот, информира д-р Мерџановски

СДСМ најави дека ќе се повлече од работата на Изборниот законик ако се укине техничката влада

април 23, 2026

Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Во спротивно се повлекуваме од работата за изборниот закон од работната група којашто се води Министерството за правда, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Репрогласувањето на Маврово тапка во место, раководството на националниот парк бара намалување на зоната за строга заштита

април 22, 2026

Директорот на „Маврово“, Харис Ибраими вели дека инсистираат да се изработи Социо-економска студија за да може да се предвидат сите потреби на населението, пред да се усвои голема површина како зона на строга заштита во која нема да смеат ниту да се движат, а не пак да работат

Опфатот со МРП вакцината лани паднал на само 63 отсто – зголемен е ризикот од епидемии

април 21, 2026

Во меѓувреме, во соседна Бугарија, тамошното Министерство за здравство пред неколку дена објави дека вкупно 101 лице е заболено од морбили и дека 89 отсто од заболените се деца, а останатиот мал број пациенти се на возраст од 19 до 53 години

Полицијата превентивно врши претреси на малолетници во скопските средни училишта

април 20, 2026

Во средните училишта во Скопје МВР вршело превентивни повремени претреси на дел од учениците со цел да спречи „девијатни појави“, како и да открие дали носат наркотични средства и оружје

Од „спасени војници“ до лажни заробеници – новата ера на визуелни дезинформации

април 19, 2026

Дигиталната анализа (SynthID) дефинитивно потврдува дека самата слика е создадена со вештачка интелигенција. Потписот е додаден дополнително за да ги измами гледачите дека зад објективот стоел човек. Името „Arash“ е често во Иран, но не постои официјален фотограф или новинска агенција со тоа име која ја презела одговорноста за оваа фотографија

Професорите не сакаат да работат, но сакаат високи плати – смета премиерот Мицкоски

април 17, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Законот за високо образование има поддршка од сите ректори на универзитетите, додека критиките, според него, доаѓаат од дел од академскиот кадар кој избегнува да работа, а очекува високи плати.

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

април 16, 2026

„Во однос на функционалноста на Координативното тело во високото образование, претседателот на Владата напомена дека ќе направи сè за да се задржат младите, јас тоа навистина го почитувам, но на овој состанок само јас сум претставник на младите, а имам 25 години. Другите претставници од Националното координативно тело не се тука, бидејќи состанокот беше закажан вчера во 14 часот, помалку од 24 часа однапред. Ако сакаме инклузивни процеси и да ги слушнеме младите, тие треба навремено да бидат известени“, рече единствениот студент на денешниот настан, Александар Николовски

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

април 15, 2026

Депонијата, која е вбројана во индустриските жешки точки во Македонија има 2.2 милиони тони отпад депониран во периодот од 1963 до 2016, од кои околу 7388 тони се шестовалентен хром

Страна 1 од 438