понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

ХИВ не е пречка за семејство, туку стигмата: 14 бебиња се родиле ХИВ негативни од ХИВ позитивни родители

1 декември 2025

Имаме зголемен број случаи годинава каде што луѓе се соочуваат со мобинг или добиваат отказ откако ќе го откријат својот ХИВ статус, вели Атанас Аврамов

Пронајдени фекални бактерии во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Скопје

28 ноември 2025

Од Институтот за јавно здравје соопштија дека на три чешми во училиштето во Влае, и во мусаката која се служела ден пред труењето, биле откриени грам-негативни фекални бактерии. Истовремено денеска, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, информираа дека водата за пиење во основното училиште била исправна за пиење, откако пред неколку дена имаше масовно труење на дестици ученици, повеќето од одделенска настава

Масовно труење во „Димо Хаџи Димов“, најмалку 40 деца со нагон за повраќање

26 ноември 2025

Вчера децата за појадок имаа корнфлекс со млеко, а за ручек јадеа мусака. Се работи за деца од одделенска настава кои имаат топол оброк и се во целодневна настава. Во текот на вчерашниот ден откако си заминале дома, пројавиле симптоми на болки во стомакот, вели директорката на училиштето за Мета.мк

Д-р Адеми: Сме имале и фит пациенти со мозочен удар, важно е брзо да се реагира

12 ноември 2025

При мозочен удар, докторите велат дека најчесто се искривува лицето, говорот е неразбирлив и се парализира едната страна од телото. Може да се искриви погледот и главата кон едната страна, а симптоми често знаат да бидат и силна главоболка, вртоглавица, повраќање, проблеми со видот

EK: Здравството боледува од старите болести – нема доктори, корупцијата царува, пациентите плаќаат

4 ноември 2025

Финансирањето на јавното здравство во Северна Македонија е зголемено, но системот и понатаму се соочува со хронични слабости – недостиг на медицински кадар, високи трошоци за пациентите и ограничен пристап до услуги, а тоа е еден од секторите кој е најподложен на корупција. Ова е наведено во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на […]

На 12 часа пред изборниот молк Клековски најави справување со фантомски осигуреници

31 октомври 2025

На 12 часови пред изборниот молк, директорот на Фондот за здравствено осигурување одржа изненаден брифинг со новинарите на кој информираше дека државата ќе го прочистувала списокот со здравствени осигуреници бидејќи имало лица кои повеќе не живееле во земјава, а сепак користеле бесплатни здравствени услуги кога доаѓаат во посета. Но, тоа ќе се правело од следната […]

Револуционерна вакцина против ХИВ одобрена во Англија и во Велс 

17 октомври 2025

Вакцина за превенција на ХИВ ќе биде за прв пат понудена на пациенти преку Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, со што политиката во Англија и Велс ќе се усогласи со онаа во Шкотска, пренесува „Би-Би-Си“. Како што се наведува, долготрајната инјекција, која се дава шест пати годишно или на секои два месеци, претставува алтернатива […]

Стресот е главна причина за посета на психолог, младите се посебно ранливи

10 октомври 2025

Во амбулантските услуги доминираат невротските, стрес-поврзани и соматоформни растројства, кои сочинуваат над 60% од сите случаи, следени од растројствата на расположението (13,6%) и шизофренијата (6,3%). Истражувањата спроведени по пандемијата со ковид-19 покажуваат дека младите се посебно ранлива група – речиси секој трет адолесцент пријавил симптоми на депресија или анксиозност, што укажува на долготрајни психолошки последици […]

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис

30 септември 2025

Пациенти кои се лечат од канцер на Клиниката за онкологија јавно посочуваат дека во моментов нема ниту терапија, ниту реагенси за испитување, ниту пак работат сите апарати за зрачење поради што се принудени да се снаоѓаат кој како стигне, најчесто одејќи во соседните земји. Хемотерапија нема на Клиниката за онкологија, купувам од други држави, а […]

Медицински експерти го осудуваат тврдењето на Трамп дека „Парацетамолот“ е поврзан со аутизмот

24 септември 2025

Големите медицински организации и научни групи реагираат на тврдењето на администрацијата на Трамп дека употребата на ацетаминофен за време на бременоста, главната состојка во лекот Парацетамол, може да предизвика аутизам, и покрај ограничените докази што укажуваат на поврзаноста, пренесува Еј-Би-Си Њуз. За време на прес-конференцијата во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп рече дека Администрацијата за […]

Поправена е пукнатата цевка кај ОХИС, нема веќе закана вода да влезе во депонијата со линдан

25 август 2025

Пукнатата водоводна цевка во близина на ОХИС е санирана, а поплавата во дворот на фабриката е повлечена. Екипите на „Водовод и канализација“, по пишувањето на Мета.мк, излегоа на терен и изминатиот викенд го решија проблемот што настанал пред речиси два месеци. Езерцето што го предизвика истекувањето на водата се закануваше да влезе во малата депонија, […]

Во јули откриени три од вкупно пет случаи на лајмска болест годинава

8 август 2025

Во тековната година, односно во период од седум месеци, во земјава се регистрирани пет случаи на лајмска болест (lyme borreliosis), од кои три се евидентирани во јули, а еден во јуни и еден во април, потврдуваат за Мета.мк во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Сите заболени лица се од Скопје. За споредба, лани за цела […]

Во Македонија годинава евидентирани се 4 случаи на лајшманиоза и 1 случај на денга

4 август 2025

Четири случаи на болеста лајшманиоза и еден случај на болеста денга се евидентирани во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информираат оттаму за Мета.мк. Лајшманиозата ја пренесуваат песочни мушички, а болеста се карактеризира со рани кои тешко зараснуваат, треска, губење на тежина, анемија, зголемен црн дроб и слезина. Денга, пак, пренесуваат комарци, а симптоми на болеста […]

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

12 јули 2025

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво. Затоа, неопходно е рационално користење на антибиотици, за да не дава шанса да се создава отпорност на антибиотици. На оваа тема, поврзана со злоупотребата […]

Роберт Ф. Кенеди Џуниор го отпушти целиот комитет за вакцини на САД

10 јуни 2025

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, скептик за вакцините, ги отстрани сите 17 членови на комитетот што издава официјални владини препораки за имунизација, пренесува Би-Би-Си. Најавувајќи го овој потег во уреднички текст во „Волстрит џурнал“, Кенеди рече дека конфликтите на интереси во Советодавниот комитет за практики на имунизација (ACIP) се одговорни за поткопување […]

Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода, не оставајте никого во паркирано возило

8 јуни 2025

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури со кои се соочуванме деновиве. Од ИЈЗ објаснуваат дека кога амбиенталната температура се приближува или ја надминува телесната температура од околу 36,7 степени, телото потешко се лади. Високата релативна влажност дополнително го попречува испарувањето на потта, со што […]

Агенцијата за храна и ветеринарство воведе мерки на засилен надзор на болеста чума во региони на Западна Македонија

6 јуни 2025

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западн Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава, стои во соопштението на АХВ Засилена е контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и […]

Колку се заштитени медицинските податоци на пациентите? Активисти бараат да се ограничи пристапот до нив

2 јуни 2025

Влегувам во ординацијата на докторката на Клиниката за онкологија, за да ми препише терапија. Во ординацијата веќе има пациент, а по мене влегува и трет пациент. Обично има гужва и тие си влегуваат, иако докторите настојуваат да има ред. Секој има различна терапија – некој прима хемо, некој зрачење, некој е на таблетарна терапија. Лекарот […]

Во недела по повод одбележувањето на Денот на Европа во седум градови ќе се трча под мотото „Сите за Кочани, Трчаме заедно“

23 мај 2025

Во недела, на 25 мај, по повод одбележувањето на Денот на Европа, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп Хаус организираат хуманитарна трка под наслов „Сите за Кочани – Трчаме заедно“. Трката ќе се одржи во седум градови низ државата: Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово. Настанот има за цел да […]

Страна 1 од 31