fbpx

Стефанија и Хатиџе, девојчиња со цистична фиброза се чувствуваат подобро после примената „Трикафта“

Овој скап лек, кој државата го набавува етапно, досега го примиле 32 пациенти, а вкупно со оваа дијагноза во Македонија се евидентирани 130 лица

-

Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза, хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а кои минатата недела во четвртокот го примиле лекот „Трикафта“. Нив денеска ги посети новиот министер за здравство Илир Демири. Овој скап лек, кој државата го набавува етапно, досега го примиле 32 пациенти, а вкупно со оваа дијагноза во Македонија се евидентирани 130 лица.

„Пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, модуларната терапија дава брз ефект. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи“, изјави Демири.

Лекот „Трикафта“ е безбеден лек кој е одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.

Во декември лани болните од цистична фиброза беа на протест пред Министерството за здравство и побараа модуларна терапија. Дури на 2 февруари годинава, Владата најави дека ќе го набави лекот „Трикафта“ за 30 пациенти, односно дека набавката ќе се одвива во неколку фази. Првите количини на лекот стасаа на 9 март. Додека чекаше лек, на 8 февруари почина Благојче Илиевски.

Кога тоа се случи, поранешниот министер за здравство Беким Сали, на својот Фејсбук профил напиша дека се обезбедени 140 милиони денари за набавка на лекот. Родители на деца со цистична фиброза и нивни роднини, по смртта на Благојче му оддадоа почит и протестираа пред Владата, барајќи лекот да се набави итно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...