Таг: Илир Демири
таг: Илир Демири
Демири реагира откако антикорупционерите побараа одговорност од него оти разреши директори на клиники
Медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, се разрешени заради пропусти во нивната работа, реагира денеска преку соопштение министерот за здравство во заминување, Илир Демири.
Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кажаа дека ќе бараат одговорност од Демири бидејќи двајцата директори ги разрешил незаконски,...
Демири го разреши директорот на Државна кардиохирургија, Марјан Шокаровски
Минисерот за здравство Илир Демири денеска го разреши директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски. Ова го сторил, како што објасни на прес-конференција, бидејќи на Клиниката имало пациенти кои не биле регуларно внесени во системот Мој Термин и немале отпусно писмо или прилог кон умреница.
„Имаше сомнежи дека е зголемна смртноста на оваа клиника. Јас оформив комисија да...
Само итни пациенти се оперираат на Клинички центар, останатите се праќаат во „8 Септември“ и во Градска
Поради хаваријата со кислородните цевки во хируршките сали, само итните пациенти се оперираат во Клиничкиот центар, а останатите се препраќаат во „8 Септември“ и во Градска болница, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство во заминување Илир Демири. Зборувајќи за тоа што се случило, кажа дека хируршките сали се изградени пред 30 години и дека од тогаш е инсталацијата...
ДиЏовани: Опфатот на вакцинација опаѓа заради дезинформациите
Вакцините спасуваат милиони животи. Ова е така заради рутинскиот календар на имунизација. Имаме вакцини за спречување на над опасни 20 болести. За прв пат во 3 децении имаме големо назадување кога се работи за опфатот заради дезинформациите. Ова го истакна денеска Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, на прес-конференција која се одржа по повод Европската недела на имунизација.
По овој повод,...
За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ
Деветовалентна вакцина против хуманпапилома вирусот (ХПВ), кој предизвикува карцином, од идниот месец ќе биде достапна во државата. На располагање ќе има 70.000 дози вакцини, а препораките на познавачите, се дека младите треба да се вакцинираат уште пред да бидат сексуално активни, односно, пред да бидат изложени на ХПВ ризикот.
Проф. д-р Александра Грозданова, националната координаторка за имунизација, денеска на прес-конференција...
Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“
Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави денеска министерот за здравство Илир Демири. Тој заедно со заменик-министерката, Маја Манолева, беа во посета на болницата.
„Преку ИПА проектот набавени се и повеќе апарати во вредност од 150.000 евра и тоа:...
Лекарската комора ги обедини здравствените работници во борбата против дезинформациите за вакцините
Претседателите на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, заедно со деканите на трите медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, директорот на Институтот за јавно здравје денеска потпишаа Декларација за поддршка на вакцинацијата. Ова е обид на здравствените работници да се спротивстават на ширењето на дезинформации во однос на вакцините, што доведе до епидемија на голема кашлица.
Во декларацијата за поддршка...
Донесена одлука за прием во градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан вчера, министерот за здравство Илир Демири донел одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија.
Од Министерството...
Еден донор спаси четири животи – извршена трансплантација на срце, бубрези и црн дроб
Во текот на вчерашниот ден направена е уште една трансплантација на органи во која еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство Илир Демири се заблагодари на семејството на донорот...
Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи со колку примени дози ДиТеПер ќе смее да се оди во градинка
Сите нејаснотии околу одлуката за забрана за прием на деца во градинките во државата без примена ДиТеПер вакцина, ќе бидат разгледани и разјаснети утре на вонреден состанок на членовите на Комисијата за заразни болести. Ова денеска го изјави министерот за здравство Илир Демири, после реакциите на родители чии деца се одбиени за прием во градинка, односно не ги примаат...
Дури 80 отсто од лекарите во земјава биле изложени на насилство на работното место
Податоците на Лекарската комора говорат дека 78 отсто од докторите, пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80 отсто биле изложени на вербално насилство. Ова го истакна денеска министерот за здравство д-р Илир Демири, по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март.
„Насилство врз здравствен работник...
За еден месец против голема кашлица се вакцинирале повеќе од 22.000 деца
Од почетокот на епидемијата на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22.000 деца, соопшти министерот за здравство Илир Демири.
Тој потсетува дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот.
„Во однос на функционирањето на здравствениот систем, има потреба...
Владата ќе бара решение како да се подмират трошоците за лекување на 18-годишниот Леонид
Владата на вчерашната седница го разгледала случајот на 18-годишниот Леонид Индов кој се лекува во Виена по здобиени повреди лани во Грција, а за случајот детално информирал министерот за здравство Илир Демири.
„Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов“, информираат од Владата.
Во врска со ова...
Обуки за медицинскиот персонал што работи на трансплантации
Во моментот, во тек е едукација и обука на здравствениот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави денеска министерот за здравство д-р Илир Демири.
Тој присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација.
Во своето излагање, упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен...
„Трикафта“ досега примиле 32 луѓе, лек чекаат уште 100 пациенти со цистична фиброза
Лекот „Трикафта“ досега го имаат примено 32 пациенти на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија, а во земјава има вкупно 130 пациенти кои живеат со болеста цистична фиброза. Од Министерството за здравство за Мета.мк уверуваат дека сите пациенти ќе го добијат лекот.
„Скоро половина од пациентите кои се над 12 години и според мутацијата delta F508, за...
Стефанија и Хатиџе, девојчиња со цистична фиброза се чувствуваат подобро после примената „Трикафта“
Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза, хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а кои минатата недела во четвртокот го примиле лекот „Трикафта“. Нив денеска ги посети новиот министер за здравство Илир Демири. Овој скап лек, кој државата го набавува етапно, досега го примиле 32 пациенти, а вкупно со оваа дијагноза во Македонија се...
Демири: Досега се евидентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат децата
Во државата досега се евдентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат своите деца, апелираше денеска новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека Центарот за јавно здравје веќе прогласил епидемија на ниво на град Скопје, по предлогот на Комисијата за заразни болести од пред речиси две недели.
Демири потсети дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот...