fbpx

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Приведени се двајца полковници на украинската служба кои на Русите им доставувале доверливи информации со цел да се изврши атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски

-

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата.

Приведени се двајца полковници на украинската служба кои на Русите им доставувале доверливи информации, пренесува Укринформ.

„Плановите требаше да бидат имплементирани од агентска мрежа која беше откриена од Службата за безбедност на Украина (СБУ) со помош на раководството на Одделот за државна заштита. Мрежата, чии активности беа надгледувани од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) од Москва, вклучи двајца полковници на Одделот за државна заштита кои „протекоа“ тајни информации до Руската Федерација“, се вели во соопштението на СБУ.

Според СБУ, планот бил да регрутираат агент кој ќе ја следи метата и ќе пренесува информации на ФСБ, а потоа требало да извршат напад со дронови.

Шефот на СБУ, Васил Малјук, рече дека нападот требало да биде подарок на Путин пред инаугурацијата. Сепак, Маљук потврдува дека операцијата била неуспешна.

„Но, не смееме да заборавиме – непријателот е силен и искусен, не може да се потцени“, додава тој.

Двајцата украински функционери се во притвор поради сомнение за предавство и за подготовка на терористички акт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптерот со иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...