fbpx

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Ахмад Алирезабеиги, ирански пратеник за градот Табриз, им изјави на новинарите во Техеран дека спасувачките екипи допрва треба да стигнат до локацијата на хеликоптерот во кој се наоѓа претседателот

-

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си.

Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките временски услови.

Ахмад Алирезабеиги, ирански пратеник за градот Табриз, им изјави на новинарите во Техеран дека спасувачките екипи допрва треба да стигнат до локацијата на хеликоптерот во кој се наоѓа претседателот.

Тој додаде дека другите два хеликоптери слетале безбедно.

Според локалните медиуми, претседателот Раиси се упатил кон градот Табриз, на северозападот на Иран, откако присуствуваше на церемонијата за пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.

Со Раиси патувале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан и други официјални лица.

ИзворBBc

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...