Западот се готви за одбрана од можна руска агресија, а не за одбрана на некаков нацизам
декември 27, 2025
Поради руската агресија врз Украина, Западот е загрижен дека тој ќе биде следната мета, па ја јакне својата одбрана, а една објава на Фејсбук тврди дека тој се готви за одбрана на некаков свој нацизам, иако Западот е главно либерален и толерантен, што нема врска со нацистичкиот тоталитаризам, антисемитизам, расизам, милитаризам и хомофобија. Иронично, нешто приближно на нацизам денес има токму во Русија, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост