fbpx

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Со ваквите проценти од јавното мислење, станува очигледно дека актуелната политика што ја води државата од самиот момент на руската агресија на Украина во февруари 2022 година, може да се најде под позначителен притисок на јавноста за промена на цврстиот став што е на линија на Украина и западните сојузници

-

Граѓаните на Северна Македонија во однос на војната во Украина имаат значително поделено мислење по најмалку две прашања – кој е виновен за војната и која страна ја поддржувате во воениот конфликт. Ова го покажа последната анкета на ИРИ за земјите од Западен Балкан. Со ваквите проценти од јавното мислење, станува очигледно дека актуелната политика што ја води државата од самиот момент на руската агресија на Украина во февруари 2022 година, може да се најде под позначителен притисок на јавноста за промена на цврстиот став што е на линија на Украина и западните сојузници, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Граѓаните на С. Македонија во однос на војната во Украина имаат драматично поделено мислење по најмалку две прашања – Кој е виновен за војната и дали државата треба да им помага на властите во Киев. Ова го покажа последната обемна анкета на Меѓународниот републикански институт – ИРИ која се однесува на шест земји од Западен Балкан меѓу кои и Македонија, а која е направена пред изборите, помеѓу почетокот на февруари и март 2024 година. Во С. Македонија во анкетата учествувале 1.220 полнолетни испитаници.

 

За војната виновни се сите

На прашањето „Кој е најодговорен за воениот конфликт меѓу Русија и Украина“17 отсто од граѓаните одговориле дека одговорноста е на Русија, наспроти 27 отсто кои сметаат дека најодговорен е Западот. Вината врз Украина ја префрлаат само 6 отсто од испитаниците, додека 38 отсто од испитаниците или најмногу од одговорите, вината ја префрлаат врз сите страни. Со тоа јавноста во државата покажува значително отстапување од актуелниот политички став, кој барем јавно го делат и победниците од изборите, дека Русија изврши агресија врз Украина и дека таа земја за тој чин треба да биде осудена и санкционирана.

Инфографик од анкетата за виновникот

Над 50 отсто од испитаниците не знаат кој ќе победел 

На прашањето „Кој ќе победи во воениот конфликт“36 отсто од македонските граѓани сметаат дека победникот ќе биде Русија, шансите на Украина ѝ ги даваат само 13 отсто од граѓаните, а не знаат или одбиваат да одговорат, цели 51 отсто од испитаниците. Со тоа, јавното мислење во државата е поблиску до одговорите што се добиени во Србија и Црна Гора, каде цели 68 отсто, односно 44 отсто, се убедени во конечната победа на Русија. Обратно, во Косово и Албанија, Украина ја гледаат како победник 47 отсто, односно 50 отсто од испитаниците.

Инфографик од анкетата за победникот

54 отсто не поддржуваат ниту една страна

На прашањето „Во воениот конфликт помеѓу Русија и Украина која страна ја поддржувате“, најголем дел од испитаниците, дури 54 отсто одговориле дека не ја поддржуваат ниту Русија, ниту Украина. Од оние што поддржуваат една од страните, скорот е речиси израмнет, 19 отсто ја поддржуваат Русија, а 18 отсто Украина. Само 8 отсто не знаат или одбиле да одговорат. Со овој одговор С. Македонија е некаде на средина на табелата помеѓу другите пет земји од Западен Балкан, при што најголем процент во Србија и Црна Гора ја поддржуваат Русија, додека најголем процент од испитаниците во Косово и Албанија ја поддржуваат Украина.

Инфографик од анкетата за подршката

Ако се направи првичен заклучок, јасно е дека јавноста во С. Македонија е прилично длабоко поделена по неколку прашања во врска со конфликтот во Украина. На пример, за виновникот за тој конфликт, најголем број од испитаните сметаат дека сите страни се виновни. За победникот во воениот конфликт најголем број од испитаниците велат дека не знаат, но над една третина сметаат дека тоа ќе биде Русија. Исто така, не е без значајно што над половината од испитаниците не поддржуваат ниту една страна во конфликтот, што значи сакаат да бидат неутрални, т.е. така ја гледаат и посакуваната позиција на државата.

Единствена табела што укажува нешто поголема поддршка на Украина, можеби е онаа со одговорите на прашањето „Дали мислите дека постапките на Русија во Украина се оправдани или неоправдани“, при што, 54 отсто се изјасниле дека тие се донекаде или целосно неоправдани, иако и бројката од 33 отсто за коишто она што Русија го прави е целосно или делумно оправдано, воопшто не е мала. (график на 82 стр.)

Ваквите резултати покажуваат дека е можен посилен јавен притисок врз власта во државата, да ја смени својата политика на целосна поддршка на Украина и на ставот на САД и на ЕУ за целосна осуда и санкции врз Русија.

Пишува: Теофил Блажевски

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избран новиот владин кабинет, Мицкоски рече дека мора да ја користи „срамната придавка Северна“

Собранието на Република Северна Македонија, со 77 гласа „за“ и 22 „против“, ја избра новата Влада, чиј состав го предложи новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски. Против Владата гласаа пратениците од...