fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од тоа дека била свртена кон Русија. Особено што земјата токму во текот на неговото владеење официјално изрази желба за влез во НАТО. Со ова паѓаат...

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија за „спротивставување на комунистичката Кина“. Украинскиот...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван, а претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно. Сепак,...

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани без да наведат црковна припадност, а 4 отсто се поврзуваат со Московската патријаршија. Според ова, православната религија и тоа како е доминантната во Украина, што ја прави оваа Фејсбук објава,...

Капетанот на контејнерскиот брод од Мериленд не е Украинец

Компанијата „Синерџи“ за Асошиејтед прес истакна дека капетанот и целиот екипаж на контејнерскиот брод, којшто удри во мост во Мериленд по што тој се урна, биле од Индија. Украинецот кој се гледа на скриншот фотографијата од објавата, бил наведен како капетан на „Дали“ од 19 март 2016 година до 27 јули 2016 година. Од „Синерџи“ за Асошиејтед прес изјавиле дека двајцата „пилоти“ –...

Нема докази дека САД, Велика Британија и Украина стојат зад терористичкиот напад во Москва

Исламска држава презеде одговорност за нападот. Истрагата за терористичкиот напад уште трае, а обвинувањата кои Москва ги упати дека Западот и Украина стојат зад терористичкиот напад ја ставаат Русија пред голем проблем, а тоа е што не може да ги докаже непоткрепените тврдења. На 7 март, Соединетите Американски Држави издадоа предупредување за потенцијален терористички напад во Русија, повикувајќи ги...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува Би-би-си. Коментарите на поранешен претседател на Европскиот совет доаѓаат по нов напад на Русија врз Украина. Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави оти украински сили собориле 58 дрона и 26 ракети и...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот. На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија,...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во Украина е особено забрането да се земаат органи од починати лица кои припаѓаат на категоријата сираци, деца без родители, лица со инвалидитет. Не е дозволено да се земаат органи од...

Макрон: Би било цинично Русија да го искористи терористичкиот напад во Москва против Украина

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека сите докази покажуваат дека Исламската држава (ИД) стои зад терористичкиот напад во концертната сала во Москва „Крокус сити хол“, пренесува Гардијан. Исламската држава (ИД) вчера издаде видеа од нападот кои досега не циркулираа во јавноста, со што се потврдува нивната инволвираност. Дополнително, ИД објави слики од напаѓачите пред нападот – независни истражувачи потврдија...

Четворица приведени за нападот во концертната сала во Москва

Четири лица, осомничени за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, во кој беа убиени најмалку 137 лица, беа изведени пред суд во главниот град на Русија. Сите четворица признаа вина и ќе останат во притвор најмалку два месеца, пренесува Гардијан. Осомничените Саидакрами Муродали Рачабализода, Далерџон Баротович Мирзоев, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов, беа идентификувани како жители на...

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска...

Се реактуелизира рускиот дезинфо наратив за постоење лаборатории за биолошко оружје во Украина

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд од март 2022 година, дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина. Нуланд тогаш пред Сенатот на САД кажа дека Украина има подлога за биолошко истражување, додавајќи дека е загрижена дека руските воени сили настојуваат да ги заземат...

Макрон ги повика сојузниците на Украина да не бидат „кукавици“

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Прага рече оти наближува момент во Европа кога веќе нема да е „соодветно да сме кукавици“, пренесува Ројтерс. Оваа изјава доаѓа откако претходната недела Макрон изјави дека не ја исклучува опцијата да се пратат европски војници на бојното поле во Украина. Вчера Макрон рече дека стои зад изјавата, на која неколку европски лидери, вклучувајќи...

Руски дезинформации сејат магла и антизападно расположение во С. Македонија

Бројни дезинформациски наративи се истурија во земјава преку странски канали за да го свртат јавното мислење во полза на Русија, а на штета на Украина од почетокот на воената инвазија до денес. Анализата на пет најчести дезинформациски наративи, како и разговорите со безбедносни експерти и политички фактори, укажуваат на тоа дека руските дезинформации не доминираат во јавниот простор, но...

Средба Џафери – Зеленски во Тирана: Потпишана заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина

Претседателот на Владата Талат Џафери, во рамки на работната посета на Република Албанија, се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски. „Премиерот Џафери ја истакна поддршката на Владата и силната определеност и посветеност кон територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународни признаени...

Зеленски нема купено две јахти вредни 75 милиони долари

Двете јахти за кои се вели дека ги купил претседателот на Украина, Володимир Зеленски и тоа преку блиски соработници како посредници, всушност не се продадени, а документите кои се презентирани како да се оригинали се од организација која воопшто не сертифицира продажба на јахти. Компаниите кои ги продаваат овие две јахти, за странски проверувачи на факти потврдиле дека двете...

Знамето на Украина подигнато пред Министерството за одбрана во знак на поддршка

Утрово пред Министерството за одбрана (МО) беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година, соопштија од министерството. „На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката...

Соборени четири борбени авиони на Русите во Украина викендов

Од петокот вечерта до утрово, Военото воздухопловство на украинските вооружени сили соборило четири борбени авиони на руските сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Од нив, три се соборени од петокот вечерта до вчера претпладне, а утрово Украинците неутрализирале уште еден борбен авион. Во последниот случај, пилотот на погодениот руски авион го насочил леталото кон селото Антрацит во регионот Луханск,...

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, тој рече дека...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...