fbpx

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења

-

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана“, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...