петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: поплава | 115 резултати

Водата од пукната цевка кај ОХИС и денеска тече, „Водовод“ најави дека утре ќе се санира дефектот

21 август 2025

„Водовод и канализација“ знае за проблемот со пукната цевка од која тече вода во дворот на фабриката ОХИС. Од јавното претпријатие денеска потврдија дека излегле на терен и дека е направен план нивните екипи утре да работат на санација на проблемот. Водата се заканува да ја поплави депонијата на ОХИС во која има илјадници тони […]

Пукната водоводна цевка направи езеро во дворот на ОХИС, жителите стравуваат дека ќе ја поплави депонијата со линдан

20 август 2025

Чиста вода тече повеќе од два месеци покрај булеварот „Борис Трајковски“ заради пукната водоводна цевка во близина на поранешната фабрика ОХИС. Заради дефектот, што сè уште не е саниран, во дворот на фабриката веќе е направено езерце, што се гледа и надвор од оградата. Жители од околината, кои до редакцијата на Мета.мк испратија снимка, алармираат […]

Најмалку 32 лица загинаа во поплавите кои го зафатија Тексас, спасувачите се во потрага по исчезнати од детски камп

5 јули 2025

Спасувачите ги пребаруваа поплавените речни брегови расфрлани со искршени дрвја и превртени камења во потрагата по повеќе од дваесетина деца од женски камп и многу други кои се водат како исчезнати откако огромни количини на вода се спушти по река во Тексашкиот ридски округ. Бурата однесе најмалку 32 животи, вклучувајќи 14 деца, пренесува Асошиејтед Прес […]

Најмалку 24 мртви во катастрофални поплави во Тексас, исчезнати се и над 20 девојчиња од летен камп

5 јули 2025

Поројни дождови предизвикаа поплави по должината на реката Гвадалупе во Тексас, во кои загинаа најмалку 24 лица, додека спасувачките екипи се обидуваат да спасат десетици жртви заробени од надојдената вода или пријавени како исчезнати во катастрофата, соопштија локалните власти. Меѓу исчезнатите има и 23 до 25 девојчиња кои посетувале летен христијански камп, сместен на бреговите […]

(ФОТО) Пред и по поплавите кои ја зафатија Шпанија

31 октомври 2024

Шпанија продолжува да се соочува со катастрофалните последици на вчерашната поплава, која е најлошата поплава во државата со децении. Според шпанската новинска агенција „ЕФЕ“, најмалку 140 лица загинале, пренесува Гардијан. Обемот на поплавата може јасно да се види во горенаведениот колаж од Европската вселенска агенција (ЕВА), каде се споредува како изгледал регионот околу градот Валенсија […]

Најмалку 21 лице загинале во поплавите во Босна и Херцеговина

5 октомври 2024

Најмалку 21 лице загинале во поплавите кои вчера ја зафатија Босна и Херцеговина. Дополнително, 16 лица се водат како исчезнати. Во селото Злате загинала трудница откако врз неа паднало дрво, пренесува Н1. Хусеин Хоџиќ од Цивилната заштита вели оти штетите се огромни и дека спасителните служби воопшто не стигнале до околу десетина села. „Километри пат […]

16 лица загинаа во поплави што ја зафатија централна Европа

16 септември 2024

Бројот на загинати во поплави предизвикани од поројни дождови кои ја зафатија централна Европа, се искачи на 16, а уште неколкумина се водат како исчезнати, пренесува „Гардијан“. Властите пријавиле смртни случаи во Чешка, Полска и Австрија и предупредија дека „најлошото можеби допрва доаѓа“. Шефот на чешката полиција, Мартин Вондрашек, изјави дека една жена се удавила […]

Поплави во Бангладеш: Осум загинати и над 2 милиони загрозени

6 јули 2024

Бројот на загинати во поплавите во Бангладеш оваа недела се искачи на осум, а повеќе од два милиони жители ги осетија последиците обилните дождови, кои предизвикаа излевање на реките во азиската земја, пренесува Гардијан. Две момчиња загинале откако се превртил спасувачки брод. „Во малиот чамец имаше девет луѓе. Седуммина отпливаа до крајбрежјето. Две момчиња не […]

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

19 мај 2024

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна […]

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

6 мај 2024

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како исчезнати, а повеќе од 115.000 лица се раселени како последица на уништувањето на нивните домови. Обилни дождови ја нанесоа поплавата, кои сè уште го повишуваат водниот […]

Пожарите и поплавите – најчести природни непогоди во земјава во последните две децении

19 јануари 2024

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во периодот од 2005 до 2023 година, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Анализираните податоци откриваат […]

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

3 ноември 2023

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се […]

По седум часа, патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во двата правца

17 јуни 2023

По седумчасовениот пркеин на сообраќајот на магистралниот пат Плетвар поради поплава и одрони, патот е пуштен во двата правца по 14 часот попладнево, соопштија од Центарот зa управување со кризи (ЦУК). Утрово најдраматично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде од обилните врнежи од дожд се излеа Раечка река кај село Раец, а водата носеше […]

Прекинат сообраќајот на патот Градско-Прилеп поради поплава

17 јуни 2023

Сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава е во целосен прекин поради поплава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Од ЦУК велат дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим […]

Нема докази дека Украина ја бомбардираше браната Каховка

14 јуни 2023

-Во услови кога Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за тоа кој ја срушил браната, а се најавуваат и истраги за тоа. -Факт е дека Украина немала пристап до браната и дека таа е под контрола на руските војници. Понатаму, експерти посочуваат дека браната не може да биде уништена со гранатирање, бидејќи има силна конструкција […]

Првични реакции: Разнесувањето на браната Нова Каховка на Дњепар е опасен преседан

8 јуни 2023

Ноќта на 06.06.2023 беше разнесен голем дел од огромната брана на Дњепар во близина на Нова Каховка во јужна Украина, со што војната во Украина доби нова, досега невидена форма која вклучува екоцид, т.е. еколошка катастрофа, а и двете страни и Русија и Украина тврдат дека тоа го сторила спротивната страна, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Нагазни мини плутаат во поплавените населени места во Украина

8 јуни 2023

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесе Би-би-си. Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на Црвениот крст, предупреди дека мините расфрлани во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку […]

Над 80 градови и села поплавени по уништувањето на браната во Украина

7 јуни 2023

По уништувањето на браната Каховка во регионот Херсон, вчера, поплавени се веројатно 80 градови и села, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за уништувањето на браната ги обвини Русите. Водата истекува во реката Днипро и може да предизвика катастрофална поплава во градот Херсон. Откако Зеленски вчера ги обвини Русите за уништувањето на хидроцентралата која е […]

ГОБ „8 Септември“: Немавме поплава во Одделот за неврологија, имавме мал дефект на водоводната цевка

19 септември 2022

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија, пишува во демантот испратен од раководството на Градската општа болница „8 Септември“, откако беше објавено дека се случила поплава во интензивниот оддел на неврологија. „Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, […]

КАРИЛ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Невремето не ја поплави клиниката

4 септември 2022

Поплавите по невремето во Скопје на 30 август не ја поплавија Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, туку предизвикаа дефект во дел од инсталациите, соопштија од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Тие ги демантираат објавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на оваа Јавна здравствена установа. Додаваат дека не е точно оти пациентите кои се згрижени на […]

Страна 1 од 6