fbpx

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

-

Екипите на брзата помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во канадската провинција Британска Колумбија, кои беа отсечени откако поплавите и свлечиштата уништија патишта, куќи и мостови, објави Гардијан.

Канадските медиуми веќе објавија дека тоа би можело да биде најскапата природна катастрофа во историјата на Канада.

Премиерот на Британска Колумбија, Џон Хорган прогласи вонредна состојба и рече дека бројот на загинати ќе се зголеми во однос на еден досега потврден смртен случај, а полицијата наведува дека уште четири лица се водат како исчезнати.

Повлекувањето на надојдените води помогна во спасувачките напори, но дождот блокираше цели градови во покраината, како и пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, прекинувајќи ги и онака напнатите глобални синџири за снабдување.

Си-Ен-Ен пренесе и снимки од очајни земјоделци и жители кои користеа оглавници и мали моторни чамци за да ги наведат уплашените говеда да пливаат на безбедно. Тие ги ризикуваа сопствените животи за да ги спасат животните по наредбата за евакуација.

Многу од погодените градови се лоцирани во планинските области источно и североисточно од Ванкувер, каде пристапот е ограничен. Министрите на покраинската влада на вчерашната прес-конференција рекоа дека некои големи автопати полека почнуваат да се отвораат. Сепак, некои градови пријавија недостиг на гориво, а вицепремиерот Мајк Фарнворт рече дека покраината размислува за увоз на гориво од САД или соседна Алберта.

Во Отава, федералниот министер за подготвеност за вонредни состојби Бил Блер рече дека речните текови почнале да се намалуваат, но дека ситуацијата и понатаму е критична. Официјална Отава вети дека ќе испрати стотици припадници на воздухопловните сили во Британска Колумбија, од кои првите веќе пристигнаа. Илјадници други се во подготвеност. Купувачите ги испразнија полиците со намирници, а провинциската министерка за земјоделство Лана Попам вели дека снабдувањето со храна е безбедно и дека „сигурно нема да останеме без храна“.

Поплави изминативе денови ја погодија и американската сојузна држава Вашингтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...