Сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава е во целосен прекин поради поплава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.
Од ЦУК велат дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим од Полициската станица Градско и екипа со механизација која што работи на испумпување на водата и расчистување на патот.