fbpx

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба веднаш да престане

Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба, велат од ЦИВИЛ

-

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба, потсетуваат од ЦИВИЛ и бараат од институциите да се санкционираат оние кои ги вовлекуваат децата во политиката на кој било начин.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатирал голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

Оттаму нагласуваат дека политичката злоупотреба на децата е забранета со закон.

ЦИВИЛ бара од политичките партии, родителите, медиумите и институциите да ги ослободат децата и малолетниците од своите политички амбиции бидејќи со тоа ги кршат законот и сите етички норми.

„Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции! Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба. Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство“, се во соопштението на ЦИВИЛ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...