Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Грчкиот премиер нагласи дека употребата на уставното име е ерга омнеси дека нема да ги ратификуваат меморандумите „сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Преспанскиот договор“

-

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју со грчката телевизија „Скај“ изјави дека непочитувањето на сите одредби на Преспанскиот договор може да има последици врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, но и дека може да влијае на патот на Скопје кон Европската Унија.

Оваа изјава на Мицотакис како реакција на тоа што претседателката Гордана Силјановска Давкова не го употреби уставното име на државата во својата заклетва.

„Јас со јасна изјава ја предупредив новата власт во Скопје дека секое отстапување од спроведувањето на договорот сигурно ќе има сериозни последици за нашите односи со Северна Македонија и за европскиот пат на земјата“, додаде тој.

Тој дополни дека грчката власт нема да ги ратификува меморандумите со С. Македонија „сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Преспанскиот договор“.

Мицотакис исто така рече дека инсистирањето на опозициската партија СИРИЗА да се потпишат меморандумите „навистина ги достигна границите на апсурдот“.

„Ми направи впечаток фактот што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми во парламентот. Сега, кога го гледаме она за што се сомневавме веќе подолг период дека може да дојде следната Влада и на некој начин да го оспори јадрото на Договорот, што всушност е ерга омнес, односно едно име за сите. Сега да дојдеме ние да ги ратификуваме меморандумите и да го изгубиме секое преговарачко оружје што го имаме за Скопје“, вели грчкиот премиер.

Тој рече дека уште во 2019 предупредил дека ратификацијата на договорот ќе ги обврза идните влади да го спроведат.

„За одредницата „македонски“, ова за жал е гарантирано во Преспанскиот договор. Ова беше нашето големо несогласување, односно придавките македонска нација и македонски јазик, а не ‘северномакедонски’“, изјави Мицотакис во однос на договорот.

За кинењето на Преспанскиот договор во грчкиот парламент од пратеникот Кирјакос Велопулос, член на крајнодесничарската партија „Грчко решение“, Мицотакис рече дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...