На НАТО самитот во Вашингтон, грчкиот премиер Мицотакис ја предупреди Северна Македонија дека непочитувањето на Договорот од Преспа од 2018 година ќе го загрози патот на државата кон пристапот за членство во Европската унија.
Во неговото обраќање тој се осврна на однесувањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и другите високи функционери. Според него овие функционери избегнауваат да го користат уставното име на земјата, користејќи го едноставно терминот „Македонија“, што според него претставува кршење на Договорот.
„Договорите мора да се почитуваат. Ова е нешто што го нагласив вчера на пленарната седница на НАТО. Верувам дека сите наши сојузници го разбираат ова. Сакаме Северна Македонија да преземе чекори кон европската интеграција, но ова бара почитување на меѓународното право и договорите што земјата ги потпиша, очигледно“, изјави Мицотакис во своето говорно обраќање на Самитот.
Покрај бројните критики упатени кон македонската делегација, премиерот Мицкоски склучи Договор за заем од 500 милиони евра со унгарскиот премиер Орбан. Ваквиот договор според него е со цел да се зајакне македонската економија во претстојниот период.