вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: уставно име | 24 резултати

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

мај 17, 2024

Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да постои пристап на добра волја. Но, очигледно, во моментов, добра волја нема ниту партијата која ќе го предводи владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту грчките власти со оглед на тоа […]

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

мај 16, 2024

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју со грчката телевизија „Скај“ изјави дека непочитувањето на сите одредби на Преспанскиот договор може да има последици врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, но и дека може да влијае на патот на Скопје кон Европската Унија. Оваа изјава на Мицотакис како реакција на тоа што претседателката Гордана […]

Ниту „Република“, ни „Северна“ во заклетвата на новата претседателка

мај 16, 2024

Уште од пред почетокот на мандатот на првата жена претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, имаше невистинита изјава. Во заклетвата пред парламентот Сиљановска Давкова одби да ги каже како придавката „северна“, така и именката „република“ — целосното уставно име на државата. Со тоа оди спротивно на правилната употреба на името според Уставот и член 123 […]

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

мај 13, 2024

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Ова е ставот на претседателскиот кабинет, по многуте жестоки реакции во јавноста, откако, давајќи ја свечената заклетва во Собранието, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, не го употреби уставното име. […]

Реакции и од Бугарија по инаугурацијата на Сиљановска Давкова: Имате обврски и одговорности

мај 13, 2024

Бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев и бугарскиот претседател Румен Радев реагираат на вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која, додека ја даваше свечената изјава во Собранието не го кажа уставното име на државата, туку употреби само „Република Македонија“. Реакции претходно пристигнаа и од меѓународната заедница, во контекст на тоа дека станува збор за прекршување […]

Го прекрши ли Сиљановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

мај 12, 2024

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот потег се смета за непочитување на Договорот од Преспа кој беше склучен во посредство на Обединетите нации во 2018 година по 28 годишниот спор за името. […]

Ѕанакопулос: Нема план „Б“, соседот треба да го промени уставното име

април 4, 2018

Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, […]

Вучиќ нема намера да го демантира Дачиќ за изјавите за Македонија

јули 13, 2017

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Солун изјави дека нема да ги демантира неодамнешните изјави на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име. – Да сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ, тоа со леснотија ќе го направев. Но, очигледно е дека тоа не го […]

Димитров му порача на Дачиќ: Во регионот растеме и паѓаме заедно

јули 11, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, изрази жалење поради изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Белград направил грешка што ја признал Македонија под уставното име. – Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија, и споделуваме толку многу нешта. Убеден […]

Дачиќ не знае географија или провоцира: Србија немала територијални претензии кон Грција!

јули 11, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по состанокот со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, во Атина изјави дека Србија направила грешка кога пред 20 години ја признала Македонија под уставно име. – Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема […]

Виталиј Чуркин, дипломатот што ја донесе нотата со која Русија ја призна Македонија

февруари 21, 2017

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, кој вчера ненадејно почина во Њујорк, во 1992 година беше претставникот на Москва што ја донесе нотата со која Руската Федерација официјално ја призна Република Македонија под уставното име. Во тоа време, односно од јуни 1992 до октомври 1994 година, Чуркин беше заменик на тогашниот руски министер за надворешни […]

Попоски: Колку би било убаво Плевнелиев да беше како Желев пред 25 години

јануари 22, 2017

Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија, а „потоа следеа сите други пријателства“, напиша денеска министерот за надворешни работи во оставка, Никола Попоски, на својот фејсбук-профил, изразувајќи „благодарност до Бугарија од Македонија“. Попоски вели дека тогашниот претседател на Бугарија, Жељу Желев, имал демократско чувство и почит кон волјата […]

МНР за „Мета“: Дачиќ се плаши изливите на шовинизам да ги насочи кон големите сили

јануари 21, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се плаши своите изливи на шовинизам да ги изрази кој најголемите сили кои го признаа Косово, па затоа се конфротира со најмалите земји во Европа, велат за „Мета“ од Министерството за надворешни работи на Македонија, по последната изјава на шефот на српската дипломатија во која се прашува […]

Од утре Србија ја брише БЈРМ од патарините, велат за „Мета“ од „Путеви Србије“

јануари 20, 2017

Македонија веќе цел месец фигурира со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија, соопштија за „Мета“ од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“. „Во однос на Вашето прашање, поврзано со натписот на признаницата за наплата на патарина на делница од автопатот кај Прешево, Ве известуваме дека системот за наплата на патарините на наведената делница е […]

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

јануари 6, 2017

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава […]

Грчки медиуми: Црвен картон од Србија за Скопје!

јануари 5, 2017

Голем број грчки медиуми ги пренесоа изјавите на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име. „Српско МНР: Направивме грешка што БЈРМ ја признавме под уставното име“, „Изјава на српскиот премиер за шамарот кон Грците – Не требаше да ја признаеме БЈРМ под уставното име“, […]

Дачиќ ја спушта топката: Пријателството треба да се почитува и во Скопје и во Белград

јануари 3, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека сe согласува со ставовите со македонското Министерство за надворешни работи оти не треба да се урива пријателството меѓу Србија и Македонија и додаде дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. По повод реакцијата на македонското МНР на […]

МНР до Дачиќ: Да не се урива пријателството меѓу граѓаните на Србија и на Македонија

јануари 3, 2017

Политичарите треба да ги продлабочат пријателските односи што постојат меѓу граѓаните на Србија и на Македонија, а не да го уриваат обостраното пријателство, реагираат од Министерството за надворешни работи на Македонија, по изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, дека официјален Белград направил историска грешка признавајќи ја Македонија под уставното име, бидејќи Македонија го признала Косово […]

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

јануари 3, 2017

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето […]

Дачиќ: Србија погреши што ја призна Македонија под уставно име

јануари 2, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. – Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите […]

Страна 1 од 1