вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Преспански договор | 100 резултати

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

мај 18, 2024

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ. Тој упати, како што рече, предупредување до новата македонска влада да ја смени линијата. Во спротивно, рече оти е […]

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

мај 17, 2024

Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да постои пристап на добра волја. Но, очигледно, во моментов, добра волја нема ниту партијата која ќе го предводи владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту грчките власти со оглед на тоа […]

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

мај 16, 2024

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју со грчката телевизија „Скај“ изјави дека непочитувањето на сите одредби на Преспанскиот договор може да има последици врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, но и дека може да влијае на патот на Скопје кон Европската Унија. Оваа изјава на Мицотакис како реакција на тоа што претседателката Гордана […]

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

април 22, 2024

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и мултилатералните договори на државата, не е круцијална за оценката делумна вистина. Таа не кажува колку и какви проблеми ќе се отворат повторно и во кои сè […]

Грчки „Катимерини“: Преспанскиот договор оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија

април 5, 2024

Изборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори во државата предизвика интерес и во грчката јавност, најмногу поради изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу Преспанскиот договор и името на земјата. Онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави оти, доколку биде избран за […]

Налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари

февруари 2, 2024

Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед. Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка […]

Ковачевски: Ќе се разгледа предлогот за пролонгирање на рокот за замена на личните документи

јануари 10, 2024

По предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на личните документи, кој, согласно Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот. Пендаровски во синоќешното гостување на Телевизија Сител рече дека процесот на промена на личните документи поради […]

Пендаровски: Нема смисла хаосот со вадење документи, законот треба да се пролонгира

јануари 10, 2024

Срамно и непотребно понижување на македонските граѓани. Вака претседателот Стево Пендаровски го искоментира процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, во синоќешното гостување на телевизија Сител. Пендаровски за време на разговорот јавно ѝ предложи на Владата рокот за вадење на документите да биде пролонгиран до септември или октомври, за […]

Со Преспанскиот договор не е изгубен терминот Македонец

октомври 5, 2023

Со Преспанскиот договор не постои никаква националност „граѓани на Северна Македонија“, како што се тврди во објавата која ја анализираме. Државјанството е Македонско/граѓани на Северна Македонија, а националноста е Македонец. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на мрежата Фејсбук, која […]

Уставниот суд не поведе постапка за Преспанскиот договор

септември 21, 2023

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на прес-конференција соопшти дека судот решил да не поведе постапка за иницијативата од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов, Стив Ангеловски, Солза Грчева и Томе Тодоровски за поништување на Указот за Преспанскиот договор и самиот Преспански договор. Одлуката била донесена едногласно од сите уставни судии. Уставниот […]

Спасовски: Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата

август 21, 2023

Никој нема да биде казнет ако до февруари следната година не извади документи со новото име на државата, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос рокот за промена на документите. Спасовски информираше дека досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани, додавајќи дека според динамиката, […]

Кацарска: Во септември ќе бидат ставени на седница Преспанскиот договор и Законот за јазиците

јуни 28, 2023

Законот за јазиците и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на седница во септември, односно најдоцна во октомври, кажа денеска на брифинг со новинарите претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа рече дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд. „Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од […]

Спасовски не излажал кога кажал дека кодовите на земјата остануваат да бидат МК и МКД

мај 24, 2023

ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо и ништо не е променето. Тоа е пропишано и со Преспанскиот договор во членот 1, став д. Во истиот член се наведува и дека ознаката само за регистарските таблички ќе биде НМК, но јасно се нагласува дека за сите други намени […]

Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација: ЕУ бара напредок во реформите и дава поддршка

март 17, 2023

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи од процесот на проширување, како и процесот за стабилизација и асоцијација. Постојните билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, треба да бидат спроведени со добра волја, e една од главните […]

Контраспин: Николоски спинува за употребата на македонскиот јазик според Преспанскиот договор

јануари 13, 2023

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски спинува кога вели дека со член 7 од Преспанскиот договор е забранета употребата на македонскиот јазик надвор од територијата на државата. Членот 7, точка 4 од Преспанскиот договор се однесува на деклариран став на официјално Скопје дека ништо од идентитетот на македонската страна во македонската држава, вклучувајќи го и јазикот, […]

Вистиномер: Не е точно дека во ОН терминот „македонски јазик“ е заменет со „јазик на РС Македонија“

јуни 20, 2022

Постот шири невистини за наводно интерно упатство на ОН да се користи терминот  „јазик на Северна Македонија“, наместо „македонски јазик“. Ваквите дезинформации беа демантирани од ОН и од македонското МНР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук тврди дека со интерна одлука на Секретаријатот на Обединетите Нации, на […]

Вистиномер: Не е вистина дека со Преспанскиот договор јазикот е сменет во „северно-македонски“

мај 31, 2022

Во Договорот меѓу С. Македонија и Грција, потпишан во 2018 година, не постои одредба со која се загрозува македонскиот идентитет, македонската посебност и јазик. Официјалниот јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој може да се преведе на сите јазици, без никаква фуснота за дообјаснување. Во самиот Договор, во членот 1 стои дека „официјалниот јазик […]

Вистиномер: Непристојните забелешки кон министерката за одбрана како ферментиран отпор кон Преспанскиот договор

февруари 4, 2022

Влезот во НАТО како основа го имаше Преспанскиот договор. Критиката на овој Договор, пак, e основата на која опозицијата сака да го придобиe дел од јавното мислење, без да се споменува НАТО. Со актуелните случувања околу Украина се спојуваат сите фрагменти на отпорот кон Договорот од Преспа, па во јавната комуникација добиваме реченица од типот […]

Пендаровски: Ги зајакнавме капацитетите за борба со антизападната пропаганда

февруари 2, 2022

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера изјави дека по референдумот и промената на името на државата, антизападната пропаганда е зголемена. Пендаровски рече дека има пропаганда која вели „не ви треба западната алијанса НАТО и Европската Унија“, меѓутоа и дека државата ги има зајакнато своите капацитети за борба против ваквата пропаганда и дека притоа има […]

Уставен суд го отфрли барањето на Каракамишева за поништување на Преспанскиот договор

февруари 2, 2022

На својата трета седница за годинава, денеска Уставен суд го отфрли барањето да се поништи Преспанскиот договор, поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година. Каракамишева побарала „заштита на слободите и правата“, односно навела дека е „повредено правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата […]

Страна 1 од 5