Грчки „Катимерини“: Преспанскиот договор оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија

Весникот пишува дека за време на телевизиска дебата пред парламентарните избори што се очекуваат на 8 мај, лидерот на владејачката СДСМ Димитар Ковачевски изрази загриженост поради одбивањето на лидерот на десничарската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го користи уставното име на земјата

-

Изборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори во државата предизвика интерес и во грчката јавност, најмногу поради изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу Преспанскиот договор и името на земјата.

Онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави оти, доколку биде избран за пример, тој ќе ја нарекува земјата единствено „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот за името со Грција.

Весникот пишува дека за време на телевизиска дебата во средата, пред парламентарните избори што се очекуваат на 8 мај, лидерот на владејачката СДСМ Димитар Ковачевски изрази загриженост поради одбивањето на лидерот на десничарската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го користи уставното име на земјата.

„Ковачевски рече дека ова одбивање може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа од 2018 година, кој, со поддршка на ОН, го смени името на поранешната југословенска Република Македонија во Северна Македонија“, пишува „Катимерини“.

„За мене Македонија е и ќе остане Македонија. Моите предци би биле горди на мене за она што го правам за мојот народ и за мојата земја“, го цитира весникот Мицкоски.

Зборувајќи за европската перспектива на земјава, во дебатата на Канал 5 Телевизија, Ковачевски рече дека ставовите на Мицкоски за уставното име на државата во иднина може да предизвикаат проблеми со Преспанскиот договор. Мицкоски одговори дека името на државата за него „секогаш ќе остане само Македонија“.

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните американски изјави...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните...