Промоција на стрип „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска

Стрипот црпи инспирација од историски настани од средновековието и Византиската империја која владеела на овие простори, а авторкатат преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот градејќи имагинарна авантура.

фото: meta.mk

Денес, со почеток во 19:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска.

Стрипот црпи инспирација од историски настани од средновековието и Византиската империја која владеела на овие простори, а авторката преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот градејќи имагинарна авантура.

Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторката со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

По разговорот следи покана за танц со музичкиот избор на Јовановиќ и Лукаш.