Спасовски: Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата

Спасовски информираше дека досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани, додавајќи дека според динамиката, очекува успешно да се завршат сите промени на документите во предвидениот рок

-

Никој нема да биде казнет ако до февруари следната година не извади документи со новото име на државата, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос рокот за промена на документите.

Спасовски информираше дека досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани, додавајќи дека според динамиката, очекува успешно да се завршат сите промени во предвидениот рок.

„Нема да има проблем во остварувањата на правата. Според динамиката што ја имаме, успешно ќе се завршат промените на документите. Нема да има казнување на граѓаните. Во континуитет, како што ќе се одвиваат состојбите, такви одлуки ќе носиме, во интерес на граѓаните“, изјави Спасовски.

Министерот потврди дека фреквенцијата за промена на лични документи е зголемена, наведувајќи ги месеците јуни, јули и август како „најфреквентни“.

Тој информираше дека вработените работат во две смени и во сабота за да може да се одговори на сите барања на граѓаните, додавајќи оти во наредните денови ќе се размислува за нови предлози како да се релаксира системот за вадење документи.

„Секако дека фреквенцијата е зголемена, но тоа не е случај само оваа година, туку беше и минатата. Ако направиме споредба, до 2019 година најголемата побарувачка била во јуни, јули, август и таа не надминувала повеќе од 22-23 илјади барања за промена. Минатата година за истиот период имавме околу 50.000 барања за промена на лични документи. Како што наближи летото и годишните одмори, има и зголемена фреквенција. Во овие денови барањата опаѓаат“, рече Спасовски.

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...