fbpx

И Данела Арсовска со иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

Во април, со мнозинство гласови Советот на Општина Аеродром усвои иницијатива на советничката група на партијата Левица за споменикот на Ќосето да се постави на територијата на оваа општина – во паркот во Горно Лисиче. Арсовска сега бара споменикот да се постави кај трговскиот центар Ист Гејт Мол

-

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

Според информациите од Град Скопје, споменикот ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата меѓу булеварите „Александар Македонски“ и „Беласица“, североисточно од кружниот тек кај трговскиот центар Ист Гејт Мол.

„Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да ‘рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Споменикот на Ќосето првично беше поставен за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, и тоа пред зградата на Врховниот суд, ноќта помеѓу 6 и 7 септември 2014 година. Споменикот тогаш го донираше Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин и се смета за дел од мегаломанскиот коруптивен проект „Скопје 2014“.

Во 2018 година, тогашниот скопски градоначалник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, го отстрани споменикот на Ќосето на истиот начин како што беше и поставен – во текот на ноќта, поради „формално правни причини“.

Данела Арсовска во април испрати барање до Општина Центар за враќање и на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје. Општина Центар тогаш го одби барањето со образложение дека нема надлежност во поставување на споменици и ја упати Арсовска да се обрати до Собранието.

Инаку, во април годинава, со мнозинство гласови Советот на Општина Аеродром усвои иницијатива на советничката група на партијата Левица за споменикот на Ќосето да се постави на територијата на оваа општина – во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата на советниците од Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Левица предложи, а Општина Аеродром прифати споменикот на Ќосето да се постави во Горно Лисиче

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...