петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: споменик | 48 резултати

Украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски во Струга

20 април 2023

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски исчезнала од постаментот во состав на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. При вообичаената проверка, вчера изутрина било утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин […]

Левица предложи, а Општина Аеродром прифати споменикот на Ќосето да се постави во Горно Лисиче

6 април 2023

Со мнозинство гласови советот на Општина Аеродром на вчерашната седница се усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа иницијатива ќе треба да […]

Одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи продолжува вечерва

12 март 2023

По Маршот на живите, кој тргна од старата железничка станица до Тутунскиот комбинат, некогаш „Монопол“, во чии згради биле затворени македонските Евреи пред нивната депортација во нацистичкиот логор Треблинка и положувањата венци, цвеќе и камчиња со имињата на убиените Евреи, одбележувањето на 80 годишнината од холокаустот продолжи на градските гробишта Бутел. Со пораката „11 март […]

Со монтирана фотографија снимена во Русија, се обвинува Украина дека е нацистичка

25 септември 2022

Фотографијата во склоп на постот што го рецензираме, а која го содржи украинското знаме, е графички изменета односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Фотографијата е направена покрај статуата на Ленин во рускиот град Новокузнецк, веднаш до административната зграда на овој град во регионот Камерово Русија. Знамето не е сино и […]

Во Латвија демонстранти не биле приведени оти пееле песна, туку зошто одбивале да се разотидат од протест

15 септември 2022

Прес Јунајтед објавува дека Латвија отстранила советски споменик, по што 14 луѓе биле уапсени во Рига. Според медиумските извештаи, летонската полиција ги уапсила лицата кои протестирале против отстранувањето на споменикот. Локалните власти посочиле дека од неколку десетици луѓе кои се појавиле на местото, 14 биле уапсени затоа што не ја почитувале полициската наредба да се […]

Кочани ќе го обновува Споменикот на слободата со помош на САД

28 август 2022

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз за време на посетата на Кочани викендов најави грант од 254.300 американски долари преку Фондот на Амбасадори за зачувување на културата (ФФЦП), за обновување и зачувување на Споменикот на слободата. Амбасадорката Брнз истакна дека проектот е вистинско партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и локалната самоуправа во […]

Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

26 јули 2022

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година. Свежо цвеќе денеска на споменикот на жртвите од земјотресот, положија и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот […]

Руската амбасада тврди дека имало сквернавење на споменикот зад Универзална сала

10 мај 2022

По веста која вчера ја објави Мета.мк за одбележувањето на Денот на победата над фашизмот – 9 Мај во организација на амбасадата на Руската Федерација, од амбасадата добивме фотографија на која, како што е наведено во дописот, се гледа сквернавењето на спомен-обележјето во чест на борците од антихитлеровата коалиција на улицата „9 Мај“ во Општината […]

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

5 ноември 2021

Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво […]

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

2 август 2021

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево – центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја – 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) – како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието […]

Студентски конкурс за избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“

28 април 2021

Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, организира избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“. Студентите може да учествуваат на овој натпревар со испраќање сопствени фотографии со нивниот […]

Споменикот во чест на Горан Стефановски наскоро ќе биде поставен во Дебар Маало

27 октомври 2020

Општина Центар заедно со семејството на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски наскоро ќе постават споменик во негова чест во Дебар Маало. „Симболичниот споменик е веќе излеан, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, […]

Исчкртана и откорната таблата пред споменикот на Александар Велики во Штип

7 октомври 2020

Само што беше поставена, непознат сторител во текот на изминатата ноќ ја исчкратал со црна боја и ја откорнал таблата со која се објаснува потеклото на Александар Велики пред споменикот во центарот на Штип. Претходно, во текот на денот на социјалните медиуми беа споделени фотографии со споменикот и таблата пред него, како дел од обврските […]

Штип добива споменик конец како симбол на борбата на текстилните работници

5 октомври 2020

Споменик како симбол на борбата на текстилните работници ќе биде откриен во Штип за време на 4. Текстилијада, која е закажана за средината на октомври. Советот на општина Штип ќе одлучува за иницијативите за поставување на мермерен споменик во чест на текстилните работници, како и за прогласување на 16 октомври за Ден на текстилните работници […]

Поради пандемијата одложено е поставувањето на споменикот за Горан Стефановски

27 април 2020

Поради мерките за спречување на корона вирусот, одложено е поставувањето на споменикот за македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Клупата требаше да се донесе од Лондон и да биде поставена во Дебар Маало. Минатата година, Општина Центар го најави поставувањето на овој споменик во негова чест. „Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар […]

Обновен е споменикот посветен на масакрот кај Дабница во 1941

4 ноември 2019

Во чест на 3 Ноември, денот на конечното ослободување на Прилеп, во месноста Дабница каде што на 19 септември 1942 година е извршен масакрот на 19 жители на селото, е откриена реплика на поранешниот споменик што беше вандалски уништен од сѐ уште непознати сторители. Уништувањето е извршено пред 17 години, а полицијата подоцна пронашла бронзени […]

Штип добива нов споменик – четириметарска шивачка игла

10 октомври 2019

Штип – градот кој живее од текстилството изминатите 70 години, во кој неколку илјади семејства се исхранувале од текстилната индустрија, ќе добие споменик – шивачка игла. Иглата која е со височина од четири метри и стои на подлога од еден квадратен метар, искосена под агол, ќе биде поставена на кејот на реката Брегалница во населбата […]

Засадено „дрво на човековите права“ на местото на споменикот на Ќосето

10 мај 2018

На местото каде што до пред два месеци стоеше споменикот на Андон Јанев – Ќосето, денеска беше засадено дрво гинко, кое, како што вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов, е дрво на човековите права. Во церемонијата, освен Шилегов, учествуваа и заменик-министерот за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, претседателката  на Градскиот совет на партијата СПД во […]

Алаѓозовски демантира дека ноќеска требал да се отстрани споменикот Воин на коњ

22 март 2018

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. – Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев – Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме […]

Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром

1 март 2018

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“. Споменикот на аеродромот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер. Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на […]

Страна 1 од 3