fbpx

Левица предложи, а Општина Аеродром прифати споменикот на Ќосето да се постави во Горно Лисиче

-

Со мнозинство гласови советот на Општина Аеродром на вчерашната седница се усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче.

Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа иницијатива ќе треба да гласаат пратениците во Собранието и тие да ја донесат конечната одлука.

Според Левица, „Андон Лазов Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром“.

„Тој споменик без разлика која и чива власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени“, стои во соопштението на Левица.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска пред неколку дена испрати барање до Општина Центар за враќање и на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје. Општина Центар го одби барањето со образложение дека нема надлежност во поставување на споменици и ја упати Арсовска да се обрати до Собранието.

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, за време на авторитарниот режим на ВМРО-ДПМНЕ на чело со бегалецот од правдата Никола Груевски, го донираше Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Споменикот се смета за дел од мегаломанскиот коруптивен проект за преуредување на главниот град – „Скопје 2014“.

Првично споменикот беше поставен во текот на ноќта помеѓу 6 и 7 септември 2014 година пред зградата на Врховниот суд, но во 2018 година тогашниот градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов го отстрани. Беше отстранет на ист начин како што беше поставен, во текот на ноќта, поради формално правни причини.

Инаку, Андон Ќосето е познат како ликвидатор од редовите на Македонската револуционерна организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...