четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Левица | 117 резултати

Контраспин: Од коалициска љубов до патолошка омраза

13 октомври 2025

Имајќи ги предвид долгогодишните сојузништва на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ и подадените раце за „коалициска прегратка“ со Левица, делува чудно тоа што Мицкоски сега кај нив препозна патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Или тогаш за ВМРО-ДПМНЕ било политички прагматично и најнормално цели осум години (од 2008 до 2016) власта да ја дели со интегративците на Али Ахмети. […]

И Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ за упатството за медиумско рекламирање

9 октомври 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) преку соопштение се пофали дека пред три дена Управниот суд ја отфрлил тужбата на политичката партија Левица со барање за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година. Според денешното соопштение на АВМУ, Судот на седница одржана на 6 октомври донел решение со кое ја […]

АВМУ се пофали дека судот одбил дел од тужбата на Левица за платено политичко рекламирање

8 октомври 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека Основниот граѓански суд Скопје, со Решение од 3 октомври 2025 година, го одбил како неоснован предлогот од тужбата на политичката партија Левица за издавање привремена мерка. Со мерката, Левица барала на АВМУ да ѝ се забрани да го достави до комерцијалните медиуми „Упатството за […]

Надвор од контекст се споредува Левица со партии во Молдавија кои имаа забрана да учествуваат на изборите

5 октомври 2025

Забраната на овие партии во изборната трка на Молдавија нема врска со „претставници на европската супер-демократија“, туку доаѓаат од внатрешни институции на самата држава Молдавија која не е членка на ЕУ иако има статус на земја кандидат за членство. На партијата „Левица“, пак, не ѝ е забрането учество на претстојните локални избори, туку ѝ е […]

ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

4 октомври 2025

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), го поднесе преодниот извештај за локалните избори што се однесува на периодот од 5 септември до 1 октомври 2025 година. Во извештајот, меѓу другото, е нотирана и цензурата кон партијата Левица во однос на политичкото рекламирање. ОДИХР укажува […]

Упатството на ААВМУ за политичко рекламирање на седница на Уставен два дена пред изборен молк

2 октомври 2025

Уставниот суд на 15 октомври ќе ја разгледува иницијативата на Левица со која партијата го оспорува Упатството на ААВМУ за платено политичко рекламирање во пресрет на локалните избори. Седницата е закажана само два дена пред почетокот на изборниот молк за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври. Уставниот суд вчера соопшти дека ја […]

Адвокатот на Левица се сретна со претставници на ОБСЕ во врска со неможноста за рекламирање

29 септември 2025

Адвокатот Катерина Јовановска, која е претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР. На средбата се дискутирало за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ. Со ова ПП Левица […]

Изборниот законик и платеното политичко рекламирање – извори на нефер изборен натпревар

27 септември 2025

Лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев деновиве жестоко реагираше на еден навидум технички документ, Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година што редовно го носи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми (ААВМУ). Тоа е документ со кој се прави распоред кој и како ќе се претставува на изборите во медиумите и во контекст на платеното политичко рекламирање (ППР) и генерално. Ваквиот […]

Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур

25 септември 2025

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев реагираше на одлуките и упатствата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК), обвинувајќи ги за лицемерие и селективен пристап кон различни политички партии. „Видете го лицемерието на АВМУ и ДИК. Кога беше за ‘Независните’ не им беше проблем да се стават во улога […]

По усвоената интерпелација на јавниот обвинител: Коцевски со штитот или на него?

31 јули 2025

Интерпелацијата е изгласана, ама таа нема обврзувачко дејство – разрешувањето на државниот обвинител е возможно само преку процедура уредена co Законот за јавното обвинителствои не предвидува можност за политичка одговорност – каква што е интерпелацијата. Владата може да поднесе предлог за негово разрешување до Собранието, но претходно мора да добие позитивно мислење од Советот за јавни обвинители, а […]

Контраспин: Русија била „банирана“ на повеќе Олимпијади, ама забраната нема врска со нацистите

7 август 2024

Во тек е Олимпијадата во Париз, на која на руските спортисти не им е дозволено учество, а пратеникот од проруска партија Левица, Реџеп Исмаил, тврди дека последен таков случај била Олимпијадата во Берлин во 1936 година. Тоа е неточно, а Исмаил создава и погрешен впечаток дека нацистите, кои тогаш владееле со Германија, им забраниле учество […]

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

2 мај 2024

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку, се најдоа и младите. Среде налетот на убави говори и предложени политики во официјалните програми, но и на митинзите и средбите со граѓаните, очигледно е дека […]

Не е точно дека Заев и Битиќи со партиски пари се рекламирале на Фејсбук

10 април 2024

Во објава на својата Фејсбук страница партијата Левица тврди дека СДСМ потрошил милионски суми за рекламирање на социјалната мрежа. Меѓу оние што трошеле партиски пари за реклами на Фејсбук се посочуваат и експремиерот Заев, вицепремиерот Битиќи, како и редица онлајн портали. Доколку се проверат бројките што Левица ги цитира, не само што сумата потрошена за […]

Од Левица преку Родина до ГРОМ и МААК: кои се мегафоните на Москва во земјава?

6 април 2024

Северна Македонија во последниве години, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и врз политичките одлуки во државава, покажуваат релевантни анализи. На малигното руско влијание не се […]

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

2 февруари 2024

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за поврзаноста на елитите во Киев со нацизмот, што директно ги пласираа […]

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

22 јануари 2024

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во […]

Сепак има реакција од Владата и МНР за инцидентот со македонското знаме на турнирот „Австралија Опен“

18 јануари 2024

Од партијата Левица прашуваат зошто македонското знаме е забрането за пренос на тенискиот турнир „Австралија Опен“ и зошто нема реакции од властите. Вчера изутрина од Министерството за надворешни работи, а по неколку часа и премиерот, излегоа со соопштенија поврзани со оваа тема. Според соопштението на МНР и изјавата на Ковачевски, се работи за ненамерен пропуст, […]

Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас

15 декември 2023

Денеска можевме и ние да славиме, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани, порача македонскиот министер за надворешни работи денеска на својата Фејсбук страница, честитајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Украина и Молдавија. „Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да […]

Индекс на транспарентност: Ниту една политичка партија нема објавено список на вработени

14 декември 2023

Многу добра активна транспарентност за прв пат постигнале партиите СДСМ, Левица и Алијанса на Албанците, покажаа резултатите добиени од Индексот на транспарентност (2023) на политичките партии на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Резултатите покажуваат дека има значително подобрување кај активната транспарентност на политичките партии, споредено со мерењето за Индексот на транспарентност (2021), иако сè уште ниту […]

Медиумите, сепак известиле за Пленумот на Левица

9 декември 2023

Тврдењето на професорката Ванковска дека медиумите се посрамиле и ниту еден не го ни нотирал одржувањето на Пленумот на парламентарната партија Левица, е невистина која лесно фактографски се утврдува. Од она што може да се утврди се гледа дека не е до Гугл, туку до начинот на пребарување на професорката. Конечно, можеби медиумите немале новинари […]

Страна 1 од 6