Штип добива споменик конец како симбол на борбата на текстилните работници

-

Споменик како симбол на борбата на текстилните работници ќе биде откриен во Штип за време на 4. Текстилијада, која е закажана за средината на октомври. Советот на општина Штип ќе одлучува за иницијативите за поставување на мермерен споменик во чест на текстилните работници, како и за прогласување на 16 октомври за Ден на текстилните работници во Штип.

Делото „Магичен конец“ е симболичен назив на мермерната скулптура, што ја изработи вајарот Андреј Митевски, со димензии од 180х210х10 сантиметри. Истото е предвидено да се постави во паркот во Суитлакот.

– Мотивите на ова дело се динамичните движења на конецот, кој ја симболизира борбата на текстилните работници на нивните права и е паметник на нивната борба за права – објаснуваат од здружението на граѓани „Гласен текстилец“ во нивната иницијатива.

Минатата година во Штип осамна инсталација од четириметарска игла со конец, како симбол на текстилната индустрија, во која работат неколку илјади работници.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...