fbpx

Трамп од болница прати порака на Твитер: Научив многу за ковид-19, ова е вистинско училиште

-

Со пуштање на патриотската песна „God Bless America“, пред националниот воен медицински центар „Валтер Рид“ во Мериленд, каде се лекува од корона вирус американскиот претседател Доналд Трамп, толпа симпатизери денеска повторно се собраа, со цел да му дадат поддршка, пренесуваат светските агенции.

„Навистина ги ценам сите обожаватели и луѓе кои ме поддржуваат пред болницата. Факт е – тие навистина ја сакаат својата земја и гледаат како ја правиме подобра од кога било досега”, напиша Трамп на Твитер.

Тој уште објави дека „научил многу“ за ковид-19, вирусот што зарази повеќе од 7,4 милиони луѓе во САД, и своето лекување го оцени како „вистинско училиште“.

„Ова е многу интересно патување. Научив многу за ковид. Ова е вистинско училиште. Ова не е училиште како кога читаш книги. Го сфатив тоа. Разбирам. И тоа е многу интересна работа. Ќе ви раскажувам за тоа. Во меѓувреме, ги сакаме САД и го сакаме она што се случува“, рече тој во видеото на Твитер, најавувајќи дека планира да ги поздрави приврзаниците кои се собрале пред медицинскиот центар „Валтер Рид“.

Трамп во петокот беше хоспитализиран, заедно со неговата сопруга Меланија Трамп, и двајцата позитивни на тестот за корона вирус. Неговиот доктор објави дека Трамп прима терапија со стероидот дексаметазон, откако бил примен во болница со висока температурат и пад на нивото на кислород во крвта, што траело и во саботата. Сепак, неговиот медицински тим соопштил дека тој би можел да биде отпуштен од болницата наредниов понеделник.

Советникот на Трамп, Ричард Гренел, изјави дека Трамп е добро и дека е хоспитализиран од претпазливост, со цел да се спречи евентуално влошување на неговото здравје. „Тој е многу силен лидер. Има само благи симптоми и затоа во јавноста не треба да се поттикнуваат приказни што не одговараат на вистината“, рече Гренел во изјавата за германскиот весник „Билд”.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс и неговата сопруга Карен се негативни на корона вирусот, покажале последните резултати, а се тестирал и Џо Бајден, кандидатот за нов претседател на САД од Демократската партија. Пенс и неговата сопруга биле тестирани на вирусот три пати откако Трамп објави дека тој и првата дама Меланија се позитивни на вирусот, пренесува сервисот ББС. Како што се наведува, Пенс продолжил со предизборните активности, како и со другите членови на кампањата на Трамп, кои се спротивни на упатствата за карантин, издадени од Центарот за контрола и превенција на болести, кои предвидуваат дека секој што бил изложен на вирусот мора да биде во карантин.

Пенс, заедно со Трамп, беше на првата дебата за претседателските кандидати минатиот вторник, а во среда тој треба да има дебата со демократскиот кандидат за потпретседател на САД, Камал Харис.

Џо Бајден, исто така, е негативен за вирусот ковид-19, објави неговиот тим.
Бајден, кој учествуваше со американскиот претседател Доналд Трамп во дебатата во Кливленд минатата недела, веќе беше тестиран два пати со ПЦР тестови, и двата пати беше негативен, пренесува Ројтерс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...