fbpx

Бесими: Економијата годинава ќе отиде во минус од 4,4 проценти

-

Вториот ребаланс на буџетот годинава е со цел да им се помогне на институциите за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, донесени за одржливост на домашната економија и на работните места, за кога кризата ќе заврши, да се продолжи со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.

Тоа го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими, презентирајќи го вториот ребаланс на буџетот, со кој се ревидира економскиот раст за 2020 година на минус 4,4 проценти.

„Приходната страна останува иста, односно од 196,4 милијарди денари и тие се планирани на речиси исто ниво во однос на планот. Додека расходната страна се проширува на 253 милијарди денари или за 4,2 отсто, односно за 10,1 милијарди денари повеќе во однос на првиот ребаланс. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран на 56,6 милијарди денари, односно 8,4 отсто од БДП“, рече Бесими.

Средствата се распределени во буџетите на министерствата и институциите надлежни за имплементација на владините мерки. За исплата на плати на вработени во приватниот сектор се предвидени 70 милиони евра, за домашна платежна картичка за ранливи категории од ковид-19 – 27 милиони евра, за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња – 6,7 милиони евра, за поддршка на дејноста Туристички водич – 160.000 евра, за враќање на туристичка такса за 2019 година за остварени ноќевања – 2 милиони евра, за македонски викенд шопинг со МојДДВ – 17 милиони евра, за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка – 13 милиони евра, и за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби – 5,5 милиони евра.

Кратења има кај расходите за стоки и услуги од една милијарда денари и кај капиталните расходи 1,2 милијарди денари.

„Во периодот јануари-септември 2020 година остварен е дефицит на буџетот во висина од 35,8 милијарди денари или 5,3 отсто од БДП. Заклучно со септември приходите во буџетот изнесуваат 136 милијарди денари или 69,1 отсто во однос на планираните со ребалансот од мај, што е за 4,9 отсто помалку во однос на истиот период лани. Реализацијата на расходите е 171,9 милијарди денари, што е 70,5 отсто споредено со првиот ребаланс, или за 10,7 отсто повеќе во однос на истиот период лани“, рече Бесими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...