петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Во Прилеп до 14 часот вакцинирани сите лица што имале термин, во Крушево вакцинирање од петок

31 март 2021

На еден пункт во Здравствен дом – Прилеп утрово почна вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години. До 14 часот вакцинирани се сите граѓани по планот, според редоследот по кој резервирале термин преку матичните лекари. „Пристигнаа 900 дози од вакцината „АстраЗенека“. Процесот на вакцинација почна и се одвива без какви […]

91-годишно лице меѓу првите што се вакцинираа против ковид-19 во Штип

31 март 2021

Виталниот 91-годишник сам дојде, ги искачи скалите од Здравствениот дом во Штип и пристигна на вториот кат на пунктот за вакцинација на закажаниот термин за да ја прими првата доза на вакцината АстраЗенека. Овој пациент беше меѓу првите кои денеска ја примија вакцината и го означија на почетокот од вакцинацијата на повозрасните граѓани во Штип. […]

Крушево конечно со театарска и кино сала

30 март 2021

Крушевчани конечно имаат свое кино и сала за театарски претстави. Со ставање на новите модерни седишта во мултифункционалната сала од реконструираниот објект на горната училишна зграда во Крушево создадени се сите услови, овде да се вршат кино-проекции и да се изведуваат театарски претстави. За таа намена веќе е инсталирана стандардизирана аудио и видео опрема во салата, така што слободно може да […]

Во Прилеп е во замав пандемијата со ковид-19, неделно заболуваат по 400 лица

30 март 2021

Пандемијата од ковид-19 во Прилеп зема замав. Во овој втор бран се евидентираат неделно преку 400 заболени лица, што е на нивото на бројот од времето кога првиот бран на корона вирусот го достигна пикот во овој град. Од одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје апелираат сите граѓани да се придржуваат до заштитните […]

Во петок се отвора модуларната болница во Штип

30 март 2021

Нови 47 легла во модуларната болница во Штип ќе бидат ставени на располагање на пациентите од источниот дел од државата, откако утре комплетно ќе биде инсталирана централната станица за кислород. Приемот на пациентите се очекува да почне во петок. Клиничката болница е под голем притисок на нови пациенти со ковид-19, откако нагло порасна бројот на […]

Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

29 март 2021

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и […]

Нуредини: Граѓаните да разговараат за незадоволството од малите хидроелектрани со градоначалниците

26 март 2021

Како да се решат сè погласните реакции на граѓаните против изградбата на малите хидроцентрали, беше прашан при денешниот престој во Штип, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Граѓаните на Кочани се противат на изградбата на мала хидроцентрала во близина на Браната Гратче и најавија локален референдум. „Ги слушаме граѓаните, но мораме да […]

Кочанските активисти планираат организирање на референдум против мала хидроелектрана кај Браната Гратче

25 март 2021

Организирање на локален референдум е една од алатките за спречување на изградбата на мала хидроелектрана на Мала Река кај Браната Гратче во Кочани. Се комуницираат поискусните еко активисти, кои успеаја да спроведат успешни референдуми и да ѝ покажат на власта дека граѓаните силно се противат на изградба на објекти кои прават штета на животната средина. […]

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

22 март 2021

Три месеци по преземањето на градоначалничката функција во Штип, Сашко Николов ги разреши двајцата директори на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, поставени од неговиот претходник Благој Бочварски. „Досегашните двајца директори достигнаа плато, права линија и затоа се назначени нови, кои ќе донесат нова енергија во двете јавни претпријатија“. Вака смената ја образложи градоначалникот Сашко […]

Викендов срушени поранешната дискотека и ресторанот „Парк“ во Охрид

22 март 2021

Викендов со помош на тешка механизација беа срушени некогашната дискотека и ресторанот „Парк“, кои беа дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица Еден. Ресторанот „Парк“ беше објект изграден според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан. Иако претставниците на граѓанското здружение „Охрид СОС“ поднесоа иницијатива до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат […]

Исцрпени сите можности – Општина Кочани пред издавање на дозволата на хидроцентралата на Мала Река

17 март 2021

До доцна во понеделникот советниците на Општината Кочани разговараа за Информацијата за текот на активностите за изградба на мини хидроцентрала на Мала Река, за на крај да ја отфрлат и дадат поддршка на двете граѓански иницијативи, кои се противат на овој проект. Општината поднесе извештај за досегашниот обид да издејствува прекин од државните институции на […]

Кризниот штаб во Прилеп бара заострување на полицискиот час, музичарите бараат протоколи за работа

17 март 2021

Бројот на инфицирани со корона вирусот и заболени од ковид-19 во Прилеп забрзано расте. Само во текот на вчерашниот ден починаа петмина, новозаболени се 105 граѓани, на инфективното одделение во Прилеп се хоспитализирани 89, од кои 77 граѓани се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат дополнително 92 заболени лица. Во моментов, активни […]

Градскиот стадион во Охрид ќе добие нов систем за наводнување

16 март 2021

ЈП „Билјанини Извори” и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија (ФФМ) со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на фудбалот во Охрид. Со новиот проект, ФФМ на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена, до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки […]

Барањата за помош за лекување од ковид-19 ја извади на виделина општинската (не)солидарност

16 март 2021

Семејството на покојниот новинар и општински портпарол Драган Ристов од Општината Штип ќе добие само 3.000 денари помош, иако сметката за лекувањето во приватна болница е над 20.000 евра. Така вчера одлучи Советот на општина Штип и покрај тоа што некои од советниците најавија дека сами дополнително ќе донираат свои средства. Ристов почина на петти […]

Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува за обид за набавка на вакцини преку фантомска фирма од Самоа

11 март 2021

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски побара Обвинителството да истражи колку пари за набавка на кинеските вакцини се уплатени на, како што рече, „фантомската фирма со само тројца вработени, регистрирана во даночниот рај Самоа“. За Милошоски, тоа е доказ дека премиерот Зоран Заев и Министерството за здравство трчале по провизии со намера да профитираат на […]

Пријавени двојно повеќе кандидати за попишувачи во Штип од потребниот број

9 март 2021

На конкурсот за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис во Штип, се пријавиле 266 кандидати за 129 места за попишувачи и 13 инструктори. Уште десет отсто ќе бидат селектирани како резервни попишувачи. Бројката се однесува за општините Штип и Карбинци.   – Во четврток и петок (11 и 12 март) во термините 10, 12 […]

Светиниколските пациенти се транспортираат со донирани амбулантни возила

9 март 2021

Сите четири амбулантни возила со кои располага ЈЗУ Здравствен дом „Гаврило Гаврилски“ од Свети Николе се донација. И петтото што се најавува да пристигне ќе биде донација од народот на Јапонија, преку проектот за мали грантови. Од овие четири амбулатни возила, за транспорт може да се смета само на едно, и тоа донација од Јапонија […]

Се проширува модуларната болница во Охрид, ќе има капацитет од вкупно 55 легла

8 март 2021

Директорот на општата болница во Охрид посочува дека капацитетот на модуларната болница за третман на ковид пациенти ќе се прошири на вкупно 55 легла, откако вкендов пристигнале нови делови кои ќе се додадат на болбницата. Исто така, се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот. „Моментално има слободни кревети во модуларната болница, […]

Бочварски: Со новиот закон нема да се легализираат големи станбени единици

4 март 2021

Новиот закон за легализација на бесправно изградени објекти е покренат од градоначалниците и од ЗЕЛС, и обезбедува плаќање на пенали за сите кои граделе бесправно, објаснува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Со ова, тој одговара на јавните критики и барањето на екологистите и граѓанските активисти да се запре донесувањето на новиот закон. – […]

Ставена во функција модуларната болница во Охрид, бројот на новозаразени со ковид-19 вртоглаво расте

3 март 2021

Започна со работа модуларната болница во Охрид, здравствена установа која е целосно опремена и има капацитет од 40 легла. Сега тука е преселено инфективното одделение, со дежурен интернист и инфектолог, додека во одделението за геријатрија ќе бидат сместени сомнителните случаи на ковид-19, а одделот за неврологија ќе се врати на редовната работа. „Во модуларната болница […]

Страна 1 од 166