Фото: Општа болница Охрид

Директорот на општата болница во Охрид посочува дека капацитетот на модуларната болница за третман на ковид пациенти ќе се прошири на вкупно 55 легла, откако вкендов пристигнале нови делови кои ќе се додадат на болбницата. Исто така, се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот.

„Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација, а кога не е,“ изјави директорот, Горан Балевски.

Од менаџментот на болницата наведуваат дека се надеваат што поскоро, оваа модуларна ковид болница да прерасне во поинаков тип на болничка установа.