петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

16 април 2024

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги и силни. На Инстаграм не постирајте во живо каде сте, бидејќи со Geospy лесно ќе ве лоцираат. Не одговaрајте на мејлови или пораки од некоe случајно […]

Граѓански организации и експерти предупредуваат на опасностите од новата спогодба на ОН за киберкриминал

26 јануари 2024

Голем број граѓански организации и експерти ги повикаа државните делегации што учествуваат во завршната седница на ад хок Комисијата на Обединетите нации да сторат сѐ за предложената Конвенција за киберкриминалот да биде тесно фокусирана на борбата против киберкриминалот и да се спречи можноста таа да биде злоупотребена како алатка за нарушување на човековите права. Во […]

Дезинформациите со злоупотреба на вештачката интелигенција можат да бидат штетни за изборите

19 декември 2023

Последната сесија од денеска одржаната меѓународна конференција „е-Општество.мк“, што Фондацијата Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат, беше посветена на проблемот на дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција за штетно влијание врз демократијата, односно, поконкретно врз изборите и размислувањето на гласачите. На темата „Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес“ говореа: Јан Цингел, основач […]

Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција

19 декември 2023

Фондацијата Метаморфозис го почнува процесот за формирање Коалиција за одговорна вештачка интелигенција (ВИ), која треба да собере чинители од повеќе сектори, соопшти Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата, затворајќи го годинашното издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, што Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат. Како што појасни Јашари во завршницата на конференцијата што се одржа во […]

Навигирање со влијанието на вештачката интелигенција врз човековите права во дигитална ера, на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

16 декември 2023

19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), ќе го затвори извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари. „Водени од глобалните но и регионални предизвици со кои се […]

„Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

13 декември 2023

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), втората панел дискусија ќе се фокусира на Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес. Оваа сесија […]

Бајден ќе потпише извршна наредба за регулација на вештачка интелигенција

30 октомври 2023

Американскиот претседател Џо Бајден ги откри деталите на новата извршна наредба за регулација на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција. Таа вклучува наредби за поголема транспарентност од компаниите во однос на податоците што се користат, заштита од дискриминација при користењето на овие алгоритми, како и поддршка за истражувањата кои користат вештачка интелигенција, известува Белата […]

Одговорност за заштита на приватноста и личните податоци споделуваат институциите, граѓаните и бизнисите

19 октомври 2023

Личните податоци на граѓаните и повредата на нивната приватност за некој може да значи и нечесна заработка што се мери во милиони, а во други случаи, нивната злоупотреба може да предизвика многу проблеми на засегнатиот. Затоа е важно, покрај другите одговорни, и институциите да ја сфатат нивната важност и да се спроведуваат вистинските мерки за […]

Народната банка направи брошура за заштита од онлајн измами на граѓаните

18 октомври 2023

Во европскиот месец на кибер безбедноста – октомври, Народната банка направи брошура за безбедност при користење дигитални финансиски производи и услуги, информираат оттаму. Сега граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги кои им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, е-банкарство, плаќање со мобилен телефон, онлајн кредит), за […]

Грковска: Транспарентноста е важна за борба против корупција, но и за притисок на јавноста врз институциите

11 септември 2023

Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача […]

Пред почетокот на учебната година, 40 наставници учат да го користат новиот е-дневник

25 август 2023

Cè уште се прават тестирања на новите софтверски решенија, кои од есеноска треба да го подобрат функционирањето и работата на електронскиот дневник. Мета.мк ги праша одговорните лица во Министерството за образование и наука (МОН), од кога ќе стартува примената на новиот дневник, во кој наставниците треба да ја водат целата педагошка евиденција во текот на […]

Македонски Телеком и А1 изедначени во процентот на мобилни корисници

3 јули 2023

Во четвртиот квартал на 2022 година, најголемите мобилни оператори Македонски Телеком и А1 Македонија биле изедначени според бројот на мобилни корисници, односно секој од нив има по 47,83 отсто од корисниците на мобилната телефонија, кои во последното тромесечје на минатата година биле вкупно 1.932.871, се дознава од најновиот квартален извештај на Агенцијата за електронски комуникации […]

Ќе користиме европски фонд за дигитализација на општеството

3 јули 2023

Со потпишување на договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа 2021-2027“  минатата недела, на Македонија ѝ се достапни 7,5 милијарди евра преку кои се отвораат можности за граѓаните, јавните институции или различни организации кои учествуваат во проекти, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Во Брисел минатата недела […]

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?

3 јули 2023

„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери. Последна од низата дигитални услуги е […]

Младите и „колачињата“: Ако не се јадат, не ги интересираат

1 јули 2023

„Не знам што се тоа колачиња, мислам дека се вируси што се појавуваат на сајтовите, не ги прифаќам“, е само еден од одговорите на младите во земјава во однос на поставеното прашање за тоа што се тоа „колачиња“. Податоците објавени во истражувањето на Меѓународната федерација за изборни системи (ИФЕС) – „Младите и дигиталната приватност во […]

Од септември ќе има нов електронски дневник, летово наставниците ќе учат како да го користат

29 јуни 2023

Во текот на летниот распуст, ИТ администратори од 30 основни и 26 средни училишта ќе бидат обучени како да го користат новиот електронски дневник, соопштија за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН). Обуките ќе се реализираат додека траат годишните одмори и тие мора да ја “поминат” обуката. „Се организираат обуки за примена на […]

Eвропската комисија денеска го објави предлог-законот за дигитално евро

28 јуни 2023

Европската комисија денеска го објави својот законски предлог за дигитално евро. Тоа би било универзално средство за плаќање во целата еврозона, како што сега се банкнотите и монетите. Законскиот предлог дигиталното евро да стане платежно средство, ќе обезбеди тоа да биде широко прифатено како средство за плаќање. Како што објави Европската централна банка (ЕЦБ), одредбата […]

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

27 јуни 2023

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои […]

Младите ги користат социјалните мрежи за четување и видеа, ама не и за општествен активизам

21 јуни 2023

Споделување на видеа од пребрзо возење на автомобили или мотори, од опасни предизвици како што е качувањето на тинејџери по железнички вагони или од глорифицирање на меѓусебни врснички тепачки или насилници. Вакви не толку забавни, а повеќе опасни видеа постанаа речиси секојдневие што може да се погледне на социјалните мрежи кај нас и го поставуваат […]

Грковска: Законот за архивско работење ќе се стави во функција на дигиталната трансформација

8 јуни 2023

Законот за архивско работење, како и создавањето услови за изготвување на електронска лична карта, како основна алатка за дигитализација на процесите и за пристап до дигитални услуги, што е клучно за намалување на субјективниот фактор, а со тоа и на корупцијата, во моментов е во фокусот, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики […]

Страна 1 од 15