fbpx

Eвропската комисија денеска го објави предлог-законот за дигитално евро

„Еврото е најопипливиот симбол на европската интеграција. Граѓаните му веруваат. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно со другите институции на ЕУ за дигитално евро, за да се осигураме дека нашата валута е погодна за дигиталната ера“, рече претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард

-

Европската комисија денеска го објави својот законски предлог за дигитално евро. Тоа би било универзално средство за плаќање во целата еврозона, како што сега се банкнотите и монетите. Законскиот предлог дигиталното евро да стане платежно средство, ќе обезбеди тоа да биде широко прифатено како средство за плаќање.

Како што објави Европската централна банка (ЕЦБ), одредбата предвидува граѓаните да можат да подигнат дигитални евра преку нивната банка по нивно барање и тоа ќе направи парите да им се лесно достапни, притоа гарантирајќи сигурност.

Предлогот поддржува висок степен на заштита на приватноста и податоците на корисниците, притоа минимизирајќи ги ризиците од перење пари и финансирање тероризам. Ќе може да се вршат и офлајн дигитални плаќања во евра.

„Еврото е најопипливиот симбол на европската интеграција. Граѓаните му веруваат. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно со другите институции на ЕУ за дигитално евро, за да се осигураме дека нашата валута е погодна за дигиталната ера“, рече претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

Првата фаза од проектот за дигитално евро ќе заврши во октомври годинава. Тогаш Управниот совет на ЕЦБ ќе одлучи дали ќе премине во следната фаза од проектот, која ќе значи развивање и тестирање на техничките решенија и деловните аранжмани. Евентуалната одлука на Управниот совет за издавање дигитално евро ќе биде донесена откако ќе се усвои законодавниот акт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...