Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Двете страни денес изјавија дека експедитивно ќе работат на враќање на музиката на артистите, композиторите и текстописците претставени од „Јуниверзал“ на платформата

Фото: колаж од фотографии на Wikimedia Commons

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по тримесечен спор.

Двете страни денес изјавија дека експедитивно ќе почнат со враќање на музиката на артистите, композиторите и текстописците претставени од „Јуниверзал“ на платформата, како и со отстранување на песни создадени со вештачка интелигенција.

„ТикТок, исто така, е посветен да работи со „Јуниверзал“ за отстранување на неовластена музика генерирана со вештачка интелигенција од платформата, како и алатки за подобрување на атрибуцијата на изведувачот и композиторот“, пишува во соопштението.

Претходно оваа година група музичари, меѓу кои беа Били Ајлиш и Ники Минаж, повикаа технолошките фирми да се согласат да не развиваат алатки кои можат да генерираат музика користејќи вештачка интелигенција, особено тие кои би можеле да ги реплицираат нивните гласови.

Песните на Тејлор Свифт, Адел, Дрејк и „Д Викенд“ повеќе нема да бидат достапни на ТикТок