петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ТикТок | 107 резултати

Сопственикот на ТикТок ги потпиша договорите со американски инвеститори за да избегне забрана во САД

19 декември 2025

Според договорот, ByteDance ќе задржи 19,9% од бизнисот, додека Oracle, Silver Lake и MGX со седиште во Абу Даби ќе имаат по 15%. Други 30,1% ќе бидат во сопственост на филијали на постоечки инвеститори во ByteDance

Трамп потпиша извршна наредба за префрлање на ТикТок на американски сопственици

26 септември 2025

Доналд Трамп во четврток потпиша извршна наредба во која се наведени условите на договорот за префрлање на ТикТок на американски сопственик, пренесува Гардијан. Трамп рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор да му дозволат на ТикТок да продолжи да работи во САД, одвојувајќи ја платформата на социјалните медиуми од нејзиниот кинески сопственик […]

Се очекува Трамп и Си денес да го финализираат долгоочекуваниот договор за ТикТок

19 септември 2025

Претседателот Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг денес оддржаа телефонски разговор за финализирање на договор со кој ќе се продадат поголемиот дел од американските средства на ТикТок на американски инвеститори. Договорот, доколку се постигне, ќе заврши долгогодишен напор што започна за време на првиот мандат на Трамп и стана клучен фактор во пошироките преговори […]

САД и Кина се согласија околу сопственоста на ТикТок

16 септември 2025

Американските и кинеските претставници постигнале рамковен договор за префрлање на апликацијата за кратки видеа ТикТок во сопственост контролирана од САД, што ќе биде потврдено во телефонскиот разговор во петок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Потенцијалниот договор за популарната апликација за социјални медиуми, која брои 170 милиони американски корисници, беше редок […]

Нови трговски преговори меѓу САД и Кина, рокот ТикТок да најде купувач истекува

15 септември 2025

Американските и кинеските претставници денеска ќе продолжат со трговските разговори во Шпанија, бидејќи се приближува рокот за кинескиот сопственик на ТикТок да најде купувач или да се соочи со забрана во Америка. Преговорите, предводени од американскиот секретар за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, се најновиот обид да се стави крај на трговската […]

Доналд Трамп вели дека многу богата групација се согласила да го купи ТикТок во САД

30 јуни 2025

Претседателот Трамп изјави дека има купувач за американската филијала на TikTok, популарната видео апликација која е во кинеска сопственост, што се соочува со забрана поради загриженост за националната безбедност, пренесува Њујорк Тајмс. Во интервју за Фокс Њуз и емисијата „Неделно утро со Мариа Бартиромо“, Трамп рече: „Имаме купувач за ТикТок.“. Тој додаде дека ќе му […]

Видеото со две жени како се тепаат во трговски центар, не е од Скопје туку од Братислава

18 јуни 2025

Анализираме објава на Фејсбук која вели: ТУРИСТИЧКА ТУРА СО ТУПАНИЦИ – ТЕПАЧКА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР Објавата е доста вирална и има повеќе од 200 коментари. Објавата споделува видео на кое се гледа како две жени се тепаат во трговски центар и е пласирана така што да изгледа како да е од С. Македонија, односно од Скопје, имајќи предвид дека […]

Најголемата ѕвезда на ТикТок, Каби Ламе си замина од САД откако беше приведен од федералните имиграциски агенти

11 јуни 2025

Најследениот ТикТокер во светот, Каби Ламе, си замина од САД откако беше кратко приведен од федералните имиграциски агенти за наводно пречекорување на рокот на неговата виза. Италијанско-сенегалскиот инфлуенсер сега е една од најпознатите личности кои беа опфатени во репресијата на Доналд Трамп против миграцијата, пренесува Гардијан. Ѕвездата на социјалните медиуми, чие законско име е Серинге […]

Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

29 март 2025

„Минатата година во месец март првпат се запознав со човекот и оттогаш започнаа сите напади врз мене. Ме имаше фатено за врат, ме малтретираше и тепаше. Јас плачев, викав на цел глас, но се беше залудно, никој не можеше да ме слушне. Во август месец во исто време не имаше тепано со жртвата од виралното […]

Бавната мода ја освојува Македонија – како облеката од втора рака станува повеќе од тренд

2 февруари 2025

Во последните години, глобалната модна индустрија бележи значителни промени насочени кон одржливост, при што половната облека станува клучен дел од ова движење. Од славни личности до модни блогери, сè повеќе влијателни фигури во модниот свет избираат да пазаруваат од втора рака. Додека пазарувањето веќе носена облека одамна е нормализирано во многу земји, оваа модна преобразба […]

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

18 јануари 2025

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација. ТикТок со месеци се бори против овој закон, кој Конгресот го донесе во март во име на заштита националната […]

ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

10 декември 2024

Никој не можеше да ги предвиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие резултати никој не беше изненаден кога се обелоденија информации дека зад неговиот метеорски раст стојат руски дезинформациски мрежи на ТикТок. Ова доведе до тоа највисокиот романскиот […]

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

7 декември 2024

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен суд ќе ја прифати нејзината жалба и оти ќе се согласи со аргументот дека законот е неуставен и дека претставува влијание врз слободата […]

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

4 декември 2024

„Супермен челинџ“ е „играта“ поради која денеска средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен меѓу тинејџерите и адолесцентите на „ТикТок“, група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот […]

Албанија се подготвува за забрана на ТикТок, Северна Македонија ја заборави ваквата иницијатива

22 ноември 2024

Неколку дена по убиството на 14-годишен ученик од страна на негов врсник во Тирана, Владата на Албанија предложи социјалните мрежи ТикТок и Снепчет да се забранат за децата. Слична иницијатива во 2023 година беше предложена и во Северна Македонија, но до сега не е направено ништо конкретно и истата остана во заборав. Експертите алармираат за […]

Повредено момче во Панчево при „ТикТок“ предизвик

17 август 2024

Момче од 13 години се здобило со полесен потрес на мозокот во Панчево, кога за време на „ТикТок“ предизвик се завиткало во фолија со помош на 15-годишно момче, а потоа се сопнало од влечка и паднало на бетонот, јави РТС. Момчето било прегледано во Општата болница Панчево и не било хоспитализирано. Полицијата земала изјави и […]

ТикТок автоматски ќе ги означува видеата создадени со вештачка интелигенција

9 мај 2024

TикТок ќе ги означува корисниците кои прикачуваат содржина генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), а со тоа станува првата голема апликација за видео содржини која автоматски ја означува таквата содржина, пишува „Гардијан“. Содржините создадени со помош на алатките за вештачка интелигенција на TикТок веќе автоматски се означени како такви за корисниците, а компанијата бара од креаторите […]

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

2 мај 2024

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по тримесечен спор. Двете страни денес изјавија дека експедитивно ќе почнат со враќање на музиката на артистите, композиторите и текстописците претставени од „Јуниверзал“ на платформата, како и […]

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

24 април 2024

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од една година. Ова е најсериозната закана досега за иднината на ТикТок во САД, додека технолошката војна на Америка со Кина се интензивира, пишува „NPR“. Законот нема […]

Страна 1 од 6