САД изгласа предлог-закон кој може да доведе до забранување на ТикТок во државата

Ако законот, кој беше изгласан во Претставничкиот дом во САД, помине во Сенатот, тогаш кинеската фирма „БајтДенс“, сопствнеик на ТикТок, ќе има девет месеци да го продаде ТикТок на американска фирма

-

Помина предлог-закон во претставничкиот дом во САД кој ја обврзува кинеската фирмата „БајтДенс“, сопственикот на социјалната мрежа ТикТок, да ја продаде апликацијата на американска фирма во рок од девет месеци, пренесува Дојче веле.

Одредбата за предлог-законот беше дел од поширока мерка која беше изгласана во Претставничкиот дом, која вклучуваше воена и финансиска помош за Украина, Израел и Тајван. За предлог-законот имаше 360 гласови за и само 58 против.

Се очекува предлог-законот да биде ставан на гласање во Сенатот следната недела, каде што се очекува да помине. Потоа, истиот треба да биде одобрен од претседателот Џо Бајден, кој има кажано дека би го усвоил законот доколку стигне до него.

ТикТок се противи на предлог-законот, велејќи дека истиот „ги прекршува правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци и би 3затворил платформа која придонесува 24 милијарди долари за американската економија годишно“.

Американските конгресмени тврдат дека апликацијата им овозможува на кинеските власти да ги шпионираат американските корисници на апликацијата, кои бројат над 170 милиони.

ТикТок тврди дека никогаш нема споделено податоци со кинеската влада и не би сторило тоа доколку кинеската влада им побара.

Други противници на предлог-законот велат дека доколку кинеската влада сака да има пристап  до податоците на американски граѓани, таа може да стигне до нив преку комерцијални брокери на податоци.

Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа (поранешно Твитер), исто се противи на предлог-законот.

„ТикТок не треба да биде забранет во САД, иако таквата забрана може да биде од корист за платформата X. Тоа би било спротивставено на правото на слободата на говорот и изразувањето“, вели Маск.

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...