fbpx

Кај нас не се продава верзијата на пијалокот „Прајм“ со кофеин кој е забранет во Словенија

Кај нас се продава, како што тврдат во АХВ, безбедна верзија на „Прајм“. Во слободна продажба чини 480 денари. Освен пијалокот, кај нас се продава и чипс „Такис“, но и други американски производи, по повисоки цени

-

На македонскиот пазар ја нема верзијата на „Прајм“ – пијалок со кофеин, кој властите во Словенија вчера го забранија, бидејќи содржел состојка Л-теанин, која не е дозволена за употреба во безалкохолните пијалоци. Како што за Мета.мк објаснуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), досега не е добиена нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.

„Во регистарот за збогатена храна на АХВ регистриран е безалкохолен пијалак „Prime hydration drink“, но за него АХВ има издадено одобрение за ставање во промет. Кај нас е одобрена верзијата без кофеин, т.е. производи декларирани како пијалаци за хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови. За овие производи постои мислење од Фармацевтски факултет, дека истите можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи“, објаснуваат од АХВ.

Оттаму апелираат до потрошувачите ако на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран/одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на [email protected].

Инспекторите од Управата за безбедност на храната во Словенија вчера ја забранија верзијата „Прајм“. Тие направиле контрола врз основа на добиена пријава.

Кај нас се продава, како што тврдат во АХВ, безбедна верзија на пијалокот „Прајм“, кој во слободна продажба чини 480 денари. Освен пијалокот, кај нас се продава и чипс „Такис“, но и други американски производи, по повисоки цени.

„Прајм“ се здоби со популарност меѓу децата на ТикТок, со оглед на тоа дека го промовираат најпознатите инфлуенсери, американските јутубери Логан Пол и KSI. Пол на Јутјуб има 23,6 претплатнци, а KSI има 24,1 милиони претплатници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...