петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: инспектори | 64 резултати

Бројот на несреќи при работа останува висок, се работи на зголемување на свеста кај работниците и работодавците

15 јануари 2024

Минатата година, на работно место загинале 17 лица, информираше денеска Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа. Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога […]

Кај нас не се продава верзијата на пијалокот „Прајм“ со кофеин кој е забранет во Словенија

14 ноември 2023

На македонскиот пазар ја нема верзијата на „Прајм“ – пијалок со кофеин, кој властите во Словенија вчера го забранија, бидејќи содржел состојка Л-теанин, која не е дозволена за употреба во безалкохолните пијалоци. Како што за Мета.мк објаснуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), досега не е добиена нотификација преку Европскиот систем за известување за […]

Здравствени инспектори ја истражуваат причината за смртта на новороденчето од Прилеп

13 ноември 2023

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска се во болницата во Прилеп, каде што ги истражуваат причините за смртта на новороденчето кое починало вчера во оваа установа. Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, најави дека инспектори ќе има и на Клиниката за Детски болести. Новороденчето било зрачено поради бебешка жолтица, а поради компликации било […]

Не е вистина дека се ништат 9.000 свињи поради Агенда 30

6 септември 2023

Не е прв пат да се ерадицираат свињи во С. Македонија и во регионот поради заболувањето со африканска свинска грозница или чума, популарно име на болеста. Но, во објавата на Фејсбук се измамуваат читателите дека компанијата Агриа ќе ги уништи 9.000-те илјади свињи, зашто веќе била обесштетена според Агенда 30 на ООН. Ова е неточно, […]

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

16 август 2023

Многу е важно инспекторатите кои сè уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на координативниот состанок со претставници на сите државни инспекторати, а на кој присуствувала и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска. […]

Инспекторатот за животна средина ќе се дигитализира, предметите за загадувачите ќе бидат на увид на јавноста

5 мај 2023

Државниот инспекторат за животна средина ќе се дигитализира до крајот на годината, а сите извештаи за извршените контроли кај загадувачите и доделените казни ќе бидат достапни на јавноста. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски, денеска на прес конференција најави дека со проектот Е-инспектор, освен трансперентност и увид на јавноста, ќе им се овозможи на инспекторите на […]

Инспекторатот за животна средина на мака: Работат 29 луѓе, а треба да има 53

31 март 2023

Од тројца нововработени инспектори во Државниот инспекторат за животна средина минатата година, еден воопшто не се појавил на работа. Добил веднаш отказ, а другите двајца продолжиле на обука за да добијат лиценца за работа. Малерите за институцијата која хронично кубури со кадар не завршуваат тука, бидејќи оваа година нема да имаат можност за нови вработувања. […]

„Титан Усје“: И ние ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

18 јануари 2023

Обвинувањата против Цементарница УСЈЕ АД Скопје се невистинити, па затоа ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината, реагираа денеска од цементарницата, откако градските власти соопштија дека ја поднеле најавената кривична пријава против нив, во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице, Борис Хрисафов. „При вонредната контрола од страна на Државниот […]

Шестмина студенти од „Пелагонија“ се затруле со храна, инспекторите испитуваат дали е од студентската менза

28 декември 2022

Шестмина студенти кои се станари во студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода, денеска пријавиле симптоми на труење со храна, потврди за Мета.мк директорот на домот, Агим Фејзулаху. Храната што била послужена вчера за ручек и за вечера, а за која има сомнежи дека не била безбедна за консумирање, ја јаделе вкупно 600 студенти станари во […]

Инспекторатот за животна средина вработува тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа

7 декември 2022

Тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа ќе бидат вработени во Државниот инспакторат за животна средина. Двајцата водостопански инспектори ќе имаат седиште во Скопје, но ќе работат во источниот и западниот регион. Инспекторот за природа, пак, ќе биде лоциран во Охрид. Со трите нови вработувања, бројот на активни инспектори во оваа институција, која […]

Инспекторите за животна средина се селат во странство, директорот Стојковски бара да му одобрат нови вработувања

31 август 2022

Само 21 инспектор има Државниот инспекторат за животна средина, иако според систематизацијата треба да има 53 вработени. Тоа е една од причините што во првите шест месеци од годината редовните инспекциски надзори се намалени за 47, во однос на претходниот шестмесечен период. До крајот на годината Инспекторатот треба да вработи тројца нови инспектори, двајца водостопански […]

Државниот инспекторат за животна средина ќе вработи тројца нови инспектори, потребни се уште повеќе

19 април 2022

Државниот инспекторат за животна средина и годинава ќе добие тројца нови инспектори, откако на огласот кој беше распишан минатата година беа вработени двајца. Сепак и со нив, оваа институција ќе биде многу далеку од бројот на вработени кој навистина ѝ е потребен за да може ефикасно да функционира. Илјадници објекти низ целата држава во моментов […]

Порталб: Несоодветното институционално управување со риболовот им штети на економијата и екологијата во РСМ, критикува ЕУ

9 април 2022

Несоодветното институционално управување во областа на риболовот доведе до нелегален риболов и масакр на ендемичниот подводен свет во Северна Македонија. Земјата, во последниот Извештај за напредокот објавен од Европската комисија, доби и низа критики во овој поглед. Поглавјето 13 ја повикува Северна Македонија што поскоро да ја усогласи националната правна рамка со Заедничката политика за […]

Загадување без контрола: Повеќе од половината општини немаат инспектор за животна средина

28 јануари 2022

Повеќе од половината општини во земјава немаат инспектор за екологија. Останатите имаат по еден, а ретко некоја општина и двајца инспектори за животна средина. Отсуството на контрола врз загадувачите директно резултура со загадување на воздухот, водите и почвата, проблеми со кои се соочуваат голем број локални самоуправи. Соочени со десетици инсталации со Б- интегрирани дозволи […]

Вистиномер: Инспекторите не се Гeстапо, ниту, пак, медиумите форсираат присилна вакцинација

15 декември 2021

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките […]

Државниот инспекторат за транспорт со години се жали дека има недостиг на инспектори

24 ноември 2021

Постојат недоволен број на инспектори за контрола за нормално функционирање на Државниот инспекторат за транспорт. Ова денеска за Слободна ТВ кај новинарката Елизабета Дамјаноска-Спасеновска го изјави директорот на Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини, кој дополни дека во моментов имаат само 12 инспектори, што е недоволен број за да се направи надзор на сите компании […]

На првиот ден од полицискиот час извршени 724 контроли и надзори, затворен еден угостителски објект

11 март 2021

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во повеќе градови изврши вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти. Контролите и надзорите се извршени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените ковид протоколи. „При тоа, во Тетово на лице […]

Инспекција во Клиничката болница во Штип по смртта на 41 годишна пациентка

16 ноември 2020

Случајот со смртта на 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, го истражуваат државните санитарни и здравствени инспектори, кои во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај, информираат во Министерството за здравство. Ова следува откако синоќа за случајот на „Фејсбук“ реагираше ќерката на починатата пациентка. Таа објави пораки […]

Се отстранува „картон-маало“ и депонијата под Железничка станица (галерија)

17 октомври 2020

Денеска, од раните утрински часови со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување, информираат од Град Скопје. Во оваа акција учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи […]

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

16 октомври 2020

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под […]

Страна 1 од 3