Случајот со смртта на 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, го истражуваат државните санитарни и здравствени инспектори, кои во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај, информираат во Министерството за здравство.

Ова следува откако синоќа за случајот на „Фејсбук“ реагираше ќерката на починатата пациентка. Таа објави пораки во кои се гледа дека жената барала итно да ѝ се донесе кислород, но како што се тврди во објавата, никој не реагирал на нејзините телефонски повици.

„Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката. По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана“, информираат од Министерството за здравство.