fbpx

Здравствени инспектори ја истражуваат причината за смртта на новороденчето од Прилеп

Мајката вели дека била информирана оти се работи за инфекција, а по два дена испитувања ѝ кажале дека бебето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од прилепската болница

-

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска се во болницата во Прилеп, каде што ги истражуваат причините за смртта на новороденчето кое починало вчера во оваа установа. Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, најави дека инспектори ќе има и на Клиниката за Детски болести. Новороденчето било зрачено поради бебешка жолтица, а поради компликации било пратено во Скопје.

„Поверував и на тоа и слегов во ходникот, ги чекав да го донесат бебето и да одиме во амбулантското комбе додека тие заминаа преку друг излез за да ме избегнат и да не го видам детето. Кога отидов го видов детето со кислородна маска за дишење (дали на бебе со жолтица се става кислородна маска за дишење?). Стигнавме на Клиниката за Детски Болести и веднаш беше хоспитализирано на интензивна нега. Си заминав дома со празни раце“, напиша мајката.

Била информирана дека се работи за инфекција, а по два дена испитувања ѝ кажале дека бебето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од прилепската болница.

„Детето ми го лечеа во скопската клиника една недела, но за жал не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничката негрижа на сестрите и докторите кои ги нема. Како е можно дете испратено од болницата со многу добар изговор за мали деца „бебешка жолтица“, а таму однесено со тешка сепса која е добиена од негрижата на сестрите кои во текот на своите вечерни смени спијат, а докторите ги нема“, прашува мајката.

Таа јавно праша, зошто се чекало да поминат три дена, наместо бебето веднаш да биде однесено на Детската клиника.

Од ДСЗИ рекоа дека наоди од денешната посета на инспекторите ќе има в среда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...