среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ДСЗИ | 18 резултати

Седум деца заболени од салмонела во училишта во Карпош, се испитува храната и хигиената во кујните

8 ноември 2023

Седум ученици кои учат во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и во „Јан Амос Коменски“ биле заболени од инфекција предизвикана од бактеријата салмонела (dg. sаlmonellozis), потврдија за Мета од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Веќе се земени брисови од вработените во кујните во училиштата, а резултати се очекуваат најдоцна до сабота. Како што […]

Деветгодишни деца се отруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид

4 август 2023

Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка […]

Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзор и при најмал сомнеж за несоодветен третман

19 јули 2023

Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за тоа дали е обезбедена соодветна здравствена заштита за пациентите и дали тие добиле соодветен третман, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. На средбата беше разговарано […]

ДСЗИ: ГАК да утврди одговорност за родилката што се обиде да се самоубие – не ѝ бил обезбеден психијатар

7 јули 2023

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решение ќе наложи на одговорните лица на Клиниката за гинекологија и акушерство, да спроведат постапка за утврдување на одговорност од здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување доктор, специјалист по психијатрија за родилката која по неколку дена по породувањето, скокна од првиот кат на […]

Почина новороденче во битолската болница, инспектори ќе ги испитуваат причините за смртта

10 април 2023

Во болницата во Битола денеска починало новороденче. Родилката е на возраст од 24 години, а министерот за здравство Фатмир Меџити, по информацијата за починатото новороденче, ги откажал своите ангажмани и ја посетил Клиничката болница Битола, а на родилката, на која ова ѝ било прво породување, ѝ изразил сочувство. „Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави […]

Храната во „Пелагонија“ била безбедна, но не и хигиената во кујната, соопшти ДСЗИ

11 јануари 2023

Сите шест земени примероци од храна ги задоволуваат прописите за микробиолошка безбедност на храната, а од осум земени бриса oд работните површини, кај три испитаните параметри не се во согласност со микробиолошките критериуми за хигиената на површини и предмети кои доаѓаат во контакт со храната. Ова се резултатите од испитувањата на мострите кои ги земаа […]

Инспектори од Агенцијата за храна ја затворија кујната во „Пелагонија“

28 декември 2022

По случајот со труење со храна на студенти кои се станари во студентскиот дом „Пелагонија“, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство времено ја затвориле кујната во домот. Тие наредиле мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, а во меѓувреме се испитуваат земени мостри од храната за која има сомнеж дека го предизвикала труењето. […]

Влада: Секој граѓанин ќе може да дојде само до своето решение за изолација

2 февруари 2022

Од Влада попладнево соопштија дека во новиот модел за испорака на решенија за изолација преку  веб-платформа, целосно ќе бидат заштитени личните податоци на граѓаните, односни нема да се објавуваат јавно. Оттаму појаснуваат дека моделот подразбира секој оној што има потреба, ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид […]

Експертите алармираат: Со објавата на имињата на луѓето во изолација, ќе се намали бројот на тестирања

2 февруари 2022

По одлуката на Владата решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок експертите предупредуваат дека јавното објавување на овие информации ќе резултира со последици. Редакцијата на Мета.мк упати конкретни прашања до ДСЗИ за […]

Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

2 февруари 2022

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница. Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени […]

Ковид пациентка починала неколку часа по приемот во болница, седум дена примала инфузија во домашни услови

12 октомври 2021

По 14 дена лекување во домашни услови пациентка со ковид-19 починала неколку часа по прием во болница. Како што соопшти Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пациентката била примена во болница во тешка состојба, а тие за овој случај добиле претставка од здравствен работник. Во последните седум дена, како што изјавиле роднините на починатата, ѝ била […]

Инспекција во Клиничката болница во Штип по смртта на 41 годишна пациентка

16 ноември 2020

Случајот со смртта на 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, го истражуваат државните санитарни и здравствени инспектори, кои во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај, информираат во Министерството за здравство. Ова следува откако синоќа за случајот на „Фејсбук“ реагираше ќерката на починатата пациентка. Таа објави пораки […]

ДСЗИ: На аџилак во Мека само со примени вакцини

1 август 2018

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ги предупредува муслиманите кои ќе патуваат на аџилак во Мека дека според Законот за заштита на населението, ќе мора да патуваат во групи не помали од 40 лица, како и да ги имаат примено соодветни вакцини. Групите аџии од земјава ќе може да излезат и во неа да влезат […]

ДСЗИ: Четирите деца со диабетес водени според медицината базирана на докази

30 јули 2018

Дијагнозата за диабетес кај четирите деца кои беа примени во болница во многу лоша состојба е утврдена при влошувањето на состојбата, а претходно немало сомненија за таква состојба. Тоа го соопштија Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Клиниката за детски болести во Скопје, известувајќи за резултатите од вонредните надзори. Инспекцијата кај матичните лекари на […]

Страна 1 од 1